|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Токсични супстанци што секој ги има, а никој не ги забележува

Редакција Рингераја, 24.11.2025
Од миризливи свеќи до омилени средства за чистење, многу секојдневни производи содржат хемикалии што можат да влијаат врз дишењето, кожата и здравјето на децата.

image
Фото:Canva/Не мора да фрлите сe. Важно е да знаете што да користите поретко, што да замените и што да чувате правилно.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Домот обично го поврзуваме со безбедност, удобност и топлина. Но токму таму, во нашето секојдневие, се кријат супстанци кои можат да бидат опасни за здравјето ако неправилно се употребуваат или складираат.

Многу од нив ги користиме секој ден, без да помислиме дека можат да предизвикаат иритации, труење или долгорочни штетни последици, особено кај деца и миленици.

Ова се најчестите токсични супстанци кои ги имаме дома, а кои заслужуваат повеќе внимание.

 

1. Средства за чистење особено комбинирани производи

Блокаторите на маснотија, средствата за рерни, хлорните раствори и средствата за дезинфекција се меѓу најтоксичните супстанци во секој дом.
Проблемот со нив е што тие се корозивни и иритантни, а комбинирањето на хлор со киселина може да ослободи опасни гасови.
Каде погрешно ги чуваме? Под мијалник, достапни за деца.

 

2. Освежувачи на воздух и мириси за дома

Спрејови, свеќи, дифузери и ароматични масла често содржат: формалдехид, фталати, синтетички мириси

Проблеите кои овие средства може да ги предизвикаат се: главоболки, иритирање на белите дробови и алергиски реакции.

 

3. Производи за перење и омекнувачи

Прашоците, таблетите и течните средства за перење содржат површински активни материи и хемикалии кои ако се внесат во организмот се многу опасни.
Кај децата дури и мал внес од овие средства може да предизвика сериозно труење.

 

4. Пестициди и инсектициди

Спрејови против комарци, гелови за бубачки, препарати за тревник и градина се невротоксични супстанци, кои се екстремно опасни при вдишување, голтање или контакт со кожа.

 

5. Бои, лакови и лепила

Често ги чуваме во подруми, гаражи или остави.
Проблемот со нив е што се лесно испарливи органски соединенија (VOC) кои можат да предизвикаат вртоглавица, иритација на очите и долгорочно влијание врз дишните патишта.

 

6. Лекови како најопасните „обични“ токсини

Аналгетици, сирупи, таблети за спиење, витамини, па дури и капки за нос можат да бидат опасни ако ги земе дете или ако се предозира возрасен.
Проблемот се јавува кога се лесно достапни во чантата, фиоката или на маса.

 

7. Козметика и производи за нега

Лак за нокти, ацетон, лакови и гелови за коса, креми со силни активни состојки. Овие средства често содржат алкохоли, формалдехид, парабени и фталати.

 

8. Батерии и електронски уреди

Малите копчести батерии се особено опасни за голтање, а големите батерии содржат тешки метали и може да предизвикаат итна медицинска состојба.

 

9. Средства за одмрзнување, антифриз и автомобилски течности

Дури и мал внес на антифриз е смртоносен поради етилен-гликолот.
Каде грешно ги чуваме? Складирани во гаражи, често без заклучување.

 

10. Мувлата и влагата е тивок, но токсичен „станар“

Иако не е производ, мувлата е токсична супстанца присутна во многу домови.
Овие куќни состојби може да предизвикаат алергии, астма и хронични респираторни проблеми.

 

Како да создадете побезбеден дом?

  • Чувајте ризични производи надвор од домет на деца и миленици.
  • Никогаш не мешајте хемикалии.
  • Проветрувајте при користење на токсични производи.
  • Чувајте ги во оригинални пакувања со јасни етикети.
  • Фрлајте ги празните амбалажи на правилен начин.
  • Користете поблаги, природни средства кога е можно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераин “Baby bazar” за семејството Хас...
На базарот за бебиња собрани се парични средства за семејството Хасановиќ.
3
Како функционираат различните методи на ко...
Контрацепцијата има една главна цел, а тоа е да го спречи зачнувањето, но различните методи го прават тоа на различен на...
3
Повлечени хомеопатски производи кои содржа...
Компанијата Terra-Medica повлекла од пазарот повеќе од 50 свои производи, заради сомневање дека можат да содржат пеницил...
3
Violeta со своите производи го освојува па...
Босанско-херцеговскиот бренд Violeta со своите производи суверено го освојува пазарот во регионот
3




Анкета

ZESKO IME
cacia

stotuku doznavme deka ke imame devojce, moj favorit e LINA,a na mojot soprug SIMONA

LINA (61%)

SIMONA (39%)


Број на сите гласови: 422

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!