vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Повлекувањето беше извршено кога FDA (Food and Drug Administration) откри дека процесот на производство кој го користи компанијата, за шест од своите производи, може да ги контаминира истите со пеницилин.
Хомеопатските лекови обично се многу разредени и не би требало да содржат било кои од активните лекови. Како резултат на тоа, FDA избра да не ги регулира хомеопатските лекови, бидејќи се генерално безопасни.
Ако лековите не нудат лекување на сериозни состојби, како рак, FDA не бара од компаниите да докажат дека нивните производи се безбедни или ефикасни.
Опасноста со повлечените производи се состои во тоа што ако тие се контаминирани со пеницилин, корисниците кои се алергични на овој лек, би можеле да имаат реакции.
Terra-Medica, Inc. повлекува 56 производи од Pleo-FORT, Pleo-QUENT, Pleo-NOT, Pleo-STOLO, Pleo-NOTA-QUENT и Pleo-EX хомеопатски производи во течна состојба, таблети, капсули, маст и суспозитории.
Како резултат на тоа FDA итно постави предупредување за сите лица кои се алергични на пеницилин.
Организацијата соопштува: “FDA утврди дека овие производи имаат потенцијал да содржат деривати на пеницилин или пеницилин, кој е добиен за време на процесот на ферментација. Кај пациенти кои се алергични на бета-лактамски антибиотици, па дури и на ниски нивоа, изложеноста на пеницилин може да резултира со голем број на алергиски реакции, од благ осип до анафилактичка реакција.”
И порано се случувало во хомеопатските лекови да бидат откриени недозволени состојки. На пример, некои производи од Zicam хомеопатија, компанија која произведува хомеопатски лекови за настинка и кашлица, содржеле недозволени состојки (лекови). Исто така во некои хомеопатски лекови е пронајдено дека содржат активно ниво на цинк, што е поврзано со аносмиа (губење на мирисот), во некои случаи.
Извори:
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...
Кога да имате секс ако се обидувате да зачнете?
Кога сакате да забремените, времето на сексуалниот однос може да има з...
Систематски прегледи во бременоста
Редовните прегледи во бременоста не се само проверка дали бебето расте...