Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Уживајте во времето за приказни
Заедничкото читање има повеќе придобивки од таа детето да се опушти пред спиење. Детето може да научи многу работи слушајќи го вашиот глас, сметаат логопедите. Вклучете го во разговор покажувајќи му слики и поставувајќи му прашања. Обраќајте му се со што поголемо воодушевување. истражувањата покажале дека зборувањето со певлив тон, односно зборувањето со “мајчин глас”, му помага на детето да го сфати значењето на зборовите – тврдат детските психолози.
Бидете трпеливи
сите деца зборуваат полека и првите неколку години згрешаваат при изговорот, но избегнувајте да ги завршувате нивните реченици. Така можете да им ја уништите самодовербата, па можат да изгубат желба за усно изразување, кажуваат логопедите. Активното слушање е исто така клучно. Спуштете се на негова висина – контактот со очи е значаен дел од комуникацијата, со што му давате до знаење дека го слушате.
Ако не го разбирате, бидете искрени и замолете го да го повтори реченото. Можеби ќе треба да ви го повтори неколку пати за да го разберете, но подобро така отколку да кажете “баш слатко!” кога би бара вода, тврдат психолозите.
Создавајте музика
Песничките и броенките им помагаат на децата во развојот на говор. Тоа е така бидејќи се забавни, а штом детето ужива во нешто, полесно ќе соработува. Броенките се исто така лесни за помнење, а можете да го навикнете детето наизменично да ги изговарате (малку вие, малку детето), што е прво правило на разговорот. Но внимавајте: децата сакаат повторување и тоа им помага при учење и затоа многу често ќе слушнете “Ајде уште еднаш!”
Истражување на светот
Ако сакате вашето дете да разговара со вас, отворете некоја тема. На пример зборувајте му за светот кој го опкружува. Колку повеќе зборувате со него, толку неговиот речник ќе биде побогат. Еден од начините на кој можете да му помогнете е на секој изговорен збор да додадете уште еден: Ако каже “автомобил”, вие додадете ”Да, тоа е плав автомобил”. Оброците се уште едно важно време за разговор. Поттикнете го детето да ја коментира храната која ја јаде поставувајќи му прашања како: “Дали е убаво?” и “Каков вкус има?”
Молчењето е злато
Ако постојано ви е вклучен телевизорот, тоа ќе го одвикне детето од внимателно слушање, тврдат психолозите. А и вас ќе ве одвикне од разговор со него. Гледајте телевизија како награда, за да можете да разговарате за се што се случува и да поставувате прашања. Но, гледајте поучни емисии, а не цртани филмови.
забава Бремените
Автор: bobik
Навики што тивко ве дебелеат. Како да ги смените?
Не се секогаш големите оброци или слатките во полноќ причината за ната...
Промена на рутина при променливи температури
Температурните осцилации не влијаат само на расположението, туку тие о...
8 грешки што ги правиме на екстремни горештини
Летните жештини се повеќе од непријатност. Тие можат да бидат и опасно...
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појав...
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој мо...