vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Причината лежи во вградениот, архетипски спор на детските и родителските желби. Тоа е судир на она што детето сака да прави и она што родителот сака да прави детето. Бидејќи целта на добриот родител е да го подготви детето за самостоен живот во општеството, тој мора да го социјализира – да му помогне да ги совлада основните општествени правила. Социјализацијата започнува со неизбежни спорови околу совладувањето на семејните правила.
Примарниот конфликт не е спор на две рамноправни страни. Малото дете многу работи не знае и не разбира, така што неговите желби често одат кон нешто што е штетно, опасно и непримерено. За разлика од него родителот е возрасна личност, која знае и разбира, размислува рационално, го сака детето и носи одлуки кои се најдобри за него. Според тоа, логично е родителот да управува со детето додека е мало. Токму заради тоа се јавува хиерархија во односот родител-дете и родителот е тој кој повремено бара од детето да ја потчини својата на родителската волја.
Родителот за кој е типично да му дозволува на детето да управува со него, кој својата волја ја подредува на волјата на детето, е немоќен родител. Немоќен е бидејќи во конфликтни ситуации му попушта на детето. Тоа го прави бидејќи се плаши дека детето повеќе нема да го сака ако истрае во своето барање, или од страв да не го трауматизира детето. Наместо родителот да е сигурен во педагошката исправност на своите барања, го мачи чувството на вина, страв и сожалување. Сето тоа доведува до чувство на вина и постојано поставување на прашањето: “Каде погрешив?”
За немоќниот родител повторно да си го врати авторитетот, потребно е да престане да гледа во детските чувства. Некогаш му е потребен разговор со стручно лице за да ги промени ставовите заради кои му попушта на детето. Најважно од се е да се прифатат негативните последици кои произлегуваат од немоќта и попуштањето на децата.
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...