|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да го научам детето да користи нокшир?

Редакција Рингераја, 15.5.2013
Звучи исклучително лесно, но додека да дојде моментот кога Вашето дете ќе користи нокшир наместо еднократна пелена, ќе помине доста време

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

За Вашето дете нокширот е нешто сосема непознато.  До моментот додека не почнавте да го споменувате и додека детето ги извршувате своите физиолошки потреби во еднократни пелени, немаше никакви проблеми.  Упорноста на родителите да го научат детето побрзо и полесно да врши нужда на нокшир, на детето му изгледа исклучително чудна.

Нокширот во очите на детето е се друго, само не и тоа за кое му е намената. За да успеете да го научите детето, треба да сте трпеливи и да ги следите знаците. Детето само ќе Ви покаже кога е време да се остават еднократните пелени.

Еден од првите значи, кој може да Ви помогне, е пореткото менување на еднократна пелена. Ако забележите дека детето ја полни пелената на поголем интервал, може да му го покажете нокширот.  Секогаш кога имате можност седнувајте го детето на нокшир и обидете се да му го одвлечете вниманието за да седи подолго време.

Драги родители, ова е една од најсложените фази во воспитувањето на детето. За повеќето деца средбата со нокширот не е најпријатното нешто. Во почетокот детето може да одбива да седи на него. Од Вас се очекува многу трпение, а ние сме тука за да Ви предложиме неколку трикови со кои ќе го олесните процесот:

  1. Многу е важно на почетокот на детето да му ја објасните намената на нокширот.
  2. Нокширот треба да стои на видлив место за детето да може постојано да го гледа.
  3. Во летните денови дозволете му на детето да се шета голо дома и не му ставајте еднократни пелени.
  4. Извадете ги еднократните пелени и седнувајте го детето на нокшир почесто. Важно е да не Ве фаќа паника и да не се нервирате, разберете дека детето до вчера не знаеше дека нокширот постои.  Децата се заигруваат и забораваат на вршењето нужда. Потсетувајте го одвреме на време да седне на нокшир и кога ќе згреши повторете му дека следниот пат треба да Ви каже, со смирен тон.
  5. Најважно правило – бидете смирени и ведри. Независно колку е тешко и колку детето згрешава, не се нервирајте. Детето не го прави тоа за Вас да Ви го загорчи животот. Тоа за него е голема промена и мора да му дадете можност да се навикне.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најлуди работи кои ги направиле уморните м...
Да се функционира нормално со неколку часа сон, може да ве наведе да направите луди работи! Мајките ги откриваат нивните...
4
Мајка направи мини кујна од картонски кутии
Родеса Виланева Рејес од Филипините е мајка која докажа дека најдобрите играчки не се секогаш оние најскапите.
4
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3
Двојазичноста во развојот на говорно–јазич...
Постојат многу истражувања за влијанието на двојазичноста во развојот на јазикот. Она што тие истражувањата го заклу...
3




Анкета

iminja
mime

koe ime e podobro iako gi deli edna bukva...?

luka (89%)

lukas (11%)


Број на сите гласови: 135

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!