vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сепак постојат многу нејаснотии како кај родителите така и кај професионалците
за влијанието на повеќето јазици во развојот на говорот кај децата.
Добрата вест е тоа дека двојазичноста не влијае негативно на јазичниот развој, туку напротив, го подобрува развојот.
Покрај изложеноста на два јазика, децата се способни да ги развиваат соодветно говорно – јазичните вештини како сите останати врсници.
Постојат два начина за учење на јазиците.
Некои деца зборуваат 2 јазици од раѓање (истовремено учат два јазици), а други учат еден – мајчиниот , а вториот јазик го учат подоцна (секвенционално учење на два јазика
Профилот на двојазичен развој на детето зависи од тоа како и кога се стекнува секој јазик.
1. Симултано учење на двата јазика
Овие деца учат 2 јазици од раѓање
Еден родител или старател разговара со нив на еден јазик, а другиот родител или старател разговара со нив на друг јазик
Еден јазик се зборува во домот, а другиот се зборува во заедницата и детето редовно е изложено на двата јазика пред 3-годишна возраст.
Овие деца го развиваат јазикот слично како нивните врсници кои зборуваат само еден јазик.
Постојат некои разлики во фонолошкиот развој кои до 5-годишна возраст треба да исчезнат.
2. Секвенцијално учење на два јазика
Овој начин на учење на јазиците е кога детето учи друг јазик откако ќе се воспостави мајчиниот јазик.
Еден јазик се зборува во домот, а друг јазик се воведува кога детето ќе започне да оди во градинка, по 3-годишна возраст.
Кога ќе се воведе вториот јазик, некои деца „тивок период“. Можеби не зборуваат толку многу и „се враќаат“ на користење на само 1-2 фрази со зборови на нивниот мајчин јазик. Ова може да трае неколку месеци, но нормално е и треба да се очекува. НЕ значи дека тие заостануваат во развојот или ги губат јазичните вештини.
Да се знае повеќе од еден јазик е предност
Совети
Двојазичноста е корисна од повеќе академски, социјални и когнитивни причини.
Двојазичноста не предизвикува доцнење во развојот на говорно – јазичните вештини и не е причина за интервенција од стручни лица.
Автор:
Follow on Facebook Логопедски кабинет Среќичка
Follow on Instagram Logoped @srekjichkaofficial
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Можни фактори на ризик за аутизам во бременоста
Кога се зборува за аутизам, едно од најчестите прашања на идните родит...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...