vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Заразните болести се вид на заболувања кај луѓето и животните предизвикани од микроорганизми (бактерии, паразити, вируси). Инфекцијата сама по себе не е болест, затоа што таа само понекогаш може да доведе до заболување. Заразните болести имаат широк спектар на симптоми и клинички слики во тек на развојот на болеста. Симптомите може да се јават во рок од неколку дена, недела па дури и по една година од заразата. Зависно од личниот имунитет и врстата на инфекција, инфективните болести може да предизвикаат незначајни симптоми и да поминат без посебно лечење. Некои инфекции брзо предизвикуваат драматични здравствени проблеми.
Заразни болести кај децата
Децата имаат имунолошки систем кој е во созревање и нивната честа близина дава допринос за особено лесно објаснување на појавата на заразни болести кај децата. Заразните болести често се предизвикани од ширењето на бактерии (како на пример кај шарлах) или вируси (како на пример кај овчи сипаници, мали сипаници, шап и лигавка, и неколку други) во капки од плунката и секретот, особено при кашлање или кивање. Заразните болести, исто така, може да се случат при близок личен контакт со друго заразено лице или дури и со споделување лични предмети на заразено лице, како и во случајот со инфекции предизвикани од инсектите (како на пример со вошки и шуга) или габични инфекции.
Причини, инциденца и ризик фактори:
Оваа болест е честа појава кај децата возраст од 3 месеци до 4 години, а најчесто од 6 месеци до 1 година. Предизвикана е од херпес вирус тип 6, иако слични синдроми се можни само со други вируси.Розеола може да се јави во текот на годината. Периодот од појавата на инфекцијата до почетокот на симптомите (период на инкубација) е 5 до 15 дена.
Симптоми
Кај децата може да се јави течење на носот, болки во грлото, и црвенило во окото. Треската обично се случува пред да се појави осипот. Трае 3 (понекогаш и до 7) дена. Треската може обично да реагира добро на ацетаминофен (Paracetamol). Меѓу вториот и четвртиот ден од болеста, се појавува осип. Осипот започнува на трупот и се шири на екстремитетите, вратот и лицето. Осипот е розов, и има прилично мали рани. Осипот трае од неколку часа до 2 - 3 дена. Обично не предизвикува чешање. Други симптоми се: раздразливост, висока температура.
Третман
Не постои специфичен третман. Потребно е да се преземат чекори за контрола на треската како давање на ацетаминофен и ладни бањи. Ако се јават конвулзии, потребно е да се побара помош од лекар.
Очекувања (прогноза)
Повеќето деца со розеола целосно се опоравуваат.
Компликации
Асептичен менингитис (ретко)
Енцефалит (ретко)
Фебрилни напади

Превенција
Вируси кои предизвикуваат розеола се пренесуваат или преку фекално-орален контакт или преку воздушните капки. Внимателно миење на рацете може да помогне да се спречи ширењето на овие вируси.
Дознајте повеќе за м-р Елизабета Панчевска
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...