vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Секој стручњак ќе препорача многу течности, витамини и одмор кога кашлицата ќе нападне, но понекогаш најтешко е да се одморате, стои во резултатите на најновата студија.
Сценариото сигурно ви е познато – легнувате во кревет, се покривате со ќебе, ги затворате очите и – кашлицата станува наподнослива.
Гравитација
Според стручњаците ова е главната причина за силната ноќна кашлица. Кога ќе легнете во кревет содржината (секретот) автоматски се слева низа грлото. Најдобар совет би бил да спиете на повисоко – ставете под главата уште една перница и со тоа ќе го спречите излевањето на секретот во грлото.
Сув воздух
Сувиот воздух може дополнително да ги иритира носот и грлото, па на тој начин да ја влоши кашлицата. Најдобро што можете да направите е во собата да ставите овлажнувач на воздухот со кој е потребно правилно да ракувате. Овие апарати не се секогаш сигурни, па на пример, ако ставите вода во него која не е стерилна, вирусите и бактериите постојано ќе кружат во воздухот, а компликациите се последното нешто што му требаат на болниот. Многу смртни слуачи се последица на воспалението на белите дробови кое настанало како компликација од настинката, напоменуваат стручњаците.
Како да си помогнете кај ноќната кашлица?
Иако кашлицата е важна за закрепнување на организмот од настинката, бидејќи ги чисти дишните патишта, понекогаш таа останува долго по настинката. Ако ви се чини дека не можете да престанете да кашлате кога е време за спиење, пробајте со овие трикови:
– Пред одење во кревет консумирајте многу течности;
– Земете бонбон или пастила против кашлање, барајте сируп од лекарот;
– Ако кашлицата не престанува ниту по седум дена, јавете се кај лекарот.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...
Зошто бебето спие преку ден, а е будно навечер?
Кога домот конечно ќе замолкне и родителите ќе посакаат неколку часа с...
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...