Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува во зависност од датумот на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
Во последните 14 години, традиционално се одбележува и Меѓународен Прилепски Карневал - Прочка.
забава Бремените
Автор: bobik
Вежби за фина моторика според возраста
Фината моторика се однесува на способноста за прецизни движења со раце...
Контрола на хормоните во текот на бременоста
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хорм...
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...
Подготовка за зачнување, водич за проценка на плодноста
Планирањето бременост е важен чекор, а проценката на плодноста однапре...
Хистероскопија и лапароскопија: кога и зошто се прават?
Современата гинекологија нуди сe попрецизни и помалку инвазивни методи...