Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Проектот „Детско Катче“ на интернет медиумот Рингераја.мк го овозможи Министерство за култура на Република Македонија, како проект од национален интерес во културата за 2010 година.
Мило детенце,
Си била еднаш една земја Македонија. Таа била најубавата земја на светот, земја со најубавите езера, најбрзите и најбистри реки, најплодородните полиња, најубавите девојки, најхрабрите момци. Во таа земја се печел најубавиот леб, се правел најубавиот ајвар, се пееле најубавите песни, се играле најубавите ора, во таа земја најмногу се љубело и страдало заради љубов. Секоја свадба, секоја веселба биле најубави, затоа што се пиело најубавото вино, но и секоја загуба на сакано лице била најтажна, затоа што во таа земја најмногу се сакал ближниот.
Оваа земја била најубава затоа што токму ТИ живееш во неа. Оваа земја те сака откако беше најмало бебенце, оваа земја те прегрна, преку прегратките на твојата мајка, кога дојде на свет, оваа земја ги бакна твоите ножиња кога за прв пат го допреа тлото.
Оваа земја ти нуди бескрајни богатства, многу мудрост и знаење, пренесувани од колено на колено. Оваа земја ја отворила својата душа и ќе те научи на се', оваа земја ја раширила својата прегратка за да те прегрне, стопли и за да ти ја раскаже приказната за неа...
На ова место од твојата земја можеш да ги најдеш најубавите приказни, најубавите песнички, игри, гатанки, народни гатанки, поговорки, брзозборки, басни. На ова место можеш да го запознаеш волшебниот свет на македонските волшебни приказни, на чудесен начин да го запознаеш настанокот на светот, преку македонските преданија, овде ќе ги запознаеш убавините на твојата татковина, нејзината песна и игра. На ова место е твојата приказна за добра ноќ, на ова место твојата земја Македонија ќе ти ја раскаже приказната за себе...
Драги родители,
Намената на детското катче не е децата да се задржуваат на компјутер и интернет, туку целта е нивните родители на едно место да најдат идеи и материјали за забавно поминување на заедничките моменти, кои истовремено ќе му помогнат на детето во развој на своите интелектуални способности и креативност. Детското катче ќе Ви помогне преку игра да го следите и да помагате во напредокот на способностите на Вашето дете. Најголем акцент е ставен на зачувување на македонската култура. Преку народните песнички, приказни и игри како и можноста до нив да пристапите бесплатно, ќе им овозможите на Вашите деца да растат со македонската култура. Во понатамошните продолженија на проектот се предвидува презентација и на останатите култури на националностите во Македонија.
Цели на детското катче:
o На родителите да им се понудат идеи за поучни, забавни, мисловни, креативни игри. На таа возраст играта одлично се вклопува во интелектуалниот и емотивниот развој на детето како и развојот на уметничките таленти.
o Со разнородното градиво родителите ќе можат да се погрижат децата да бидат подолго време мотивирани, со што побрзо ќе го градат и зацврстуваат своето знаење.
o На порталот се вклучени народски приказни и песнички кои се раскажувани, пеени и пренесувани од колено на колено. На тој начин нема повеќе да Ви се случува да заборавите некој дел од песничката кога ќе им ја пеете на децата. Со тоа активно би го поддржувале развојот на македонската култура и јазик и на малите би го втемелиле македонскиот идентитет.
o Интернетот како медиум ни обезбедува сите овие градива да бидат достапни до сите Македонци кои се во странство, а со тоа индиректно да ги поврзе за својата земја, јазикот, културата на одгледување и растење на детето. Исто така на малите македонски дечиња кои иако растат во друга земја да им ја всади љубовта кон својата татковина и културата уште од мали нозе преку песна и игра.
o Целото градиво можете бесплатно да го пренесувате и да го печатите во сакан број на примероци. На тој начин е можен побрз и поефтин пристап до квалитетни дидактички материјали.
Детското катче е интерактивно. Можете слободно да се вклучите во надградување на неговите содржини. Раскажете ни ги приказните од Вашиот крај, запејте ни ја песната на Вашите баби, кажете ни ги гатанките на Вашите дедовци, пренесете ни го пулсот на Вашата Македонија.
Влезете во волшебниот свет на земјата Македонија
Зачекорете во детското катче на Вашата Рингераја
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Прашање.
пеперутка16
Дали некој од вас чува крави? Ако е така, што правите со млекото? Не се шалам, сериозно прашувам, не знам што да правам со млекото?