flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Први парламентарни, повеќепартиски избори на 11 ноември 1990 година. На 11 ноември 1991 година, Собранието го изгласа и Уставот на државата. Се конституира првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, на 20 март 1991 година беше избрана Влада на Република Македонија - експертска, на чело со Никола Кљусев како претседател на Влада(за неа гласаа 83 пратеници, 17 беа против, а тројца воздржани), а Собранието го избра за претседател на Република Македонија го избра Киро Глигоров, а за потпретседател на претседателот е избран Љубчо Георгиевски. Најбројна пратеничка група е беше групата на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ, Социјалистичката партија, Сојуз на реформски сили, ПДП, НДП и ВМРО ДПМНЕ се партии кои го сочинуваа пратеничкиот состав на Собранието во мандатниот период 1990-1994 година. Министер за внатрешни работи беше Јордан Мијалков, кој загина во сообраќајна несреќа за која јавноста сметаше дека се случила под мистериозни околноти. На негово место дојде Љубомир Фрчкоски, кој во владата на Кљусев, покрај Јане Миљовски, Илија Андонов - Ченто и Алаетин Тоска, беше министер без ресор. Димитров сам си поднесе оставка, бидејќи не се согласуваше со тогашниот владин предлог околу матичната и педагошката евиденција на албански јазик во образованието. Точно на Велигден 1992 година, Македонија монетарно се осамостои. Премиерот Кљусев од собраниската говорница ги презентираше пред целата јавност првите македонски пари - денари. Денарот беше пуштен во промет во неколку апоени. Името на македонската парична единица го даде МАНУ. Од битните, државотворни закони, тие денови беше донесен и Законот за одбрана. Владата на Кљусев изработи пакет економски реформи, но обидот за нивно спроведување пропадна, зашто Собранието тоа лето и изгласа недоверба на експертската влада на Кљусев. Глигоров го даде мандатот за формирање влада на најбројната партија во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски му го врати мандатот. Глигоров потоа му го даде мандатот на СКМ-ПДП Петар Гошев, но и овој одби да формира влада. Тогаш шефот на државата му ја даде довербата на Бранко Црвенковски, односно, одново на СКМ-ПДП. Во 1992 година Владата на Кљусев поднесе оставка, а влада формира Бранко Црвенковски од СДСМ.
Кон крајот на февруари 2001 пука во Танушевци, Македонија влегува во војна со албански терористи од Косово и од Македонија. На 13 мај 2001, со посредство на меѓународната заедница, во ресторанот на Пантелејмон на Водно, се формира влада за национален спас, широка коалиција, во која влегуваат сите парламентарни партии. ДА е надвор од таа влада, зашто ја напуштаат постепено сите пратеници и влегуваат во новоформирани помали партии. СДСМ влегува со двајца министри и еден потпретседател на владата, ПДП со министер и вице-премиер, ЛДП и ВМРО-вистинска со еден министер. Љубе Бошкоски станува министер за внатрешни работи, а Доста Димовска оди за вице-премиер. Набргу СДСМ и ЛДП излегуваат од широката коалиција, а на нивно место влегуваат доскорешните алтернативци - Нова демократија.
На идеја на претседателот Борис Трајковски, се иницираат расправите за потребата од единствена национална стратегија во областа на безбедноста.
Македонија излезе единствена од СФРЈ без војна, но исто така, остана и без целосното оружје и опрема што ЈНА ја имаше во земјата. Избегувајќи ги конфликтите, тогашниот претседател Глигоров ја остави ЈНА се да изнесе од Македонија, одејќи на варијантата дека на земјата можеби не и е потребна армија, и дека треба целосно да се демилитаризира. Во тоа време, уште се талкаше во дискусиите дали да се формира македонската армија, или, да се браниме со таканаречената политика на еквидистанца, исти односи со сите соседи, што би ја спречило можноста за војна. Ситуацијата малку мрдна со добивањето на околу стотината тенкови Т-55 на подарок од Бугарија, кои го истераа главниот терет на војната, во времето кога минситер за одбрана беше Никола Кљусев.
Македонија набави хеликоптери, авиони и тенкови од Украина, што подоцна беше запрено и од централата на НАТО и од самата Украина.
Главниот дел од создавањето на денешниот армиски арсенал, дојде во времето на министерувањето на Љубен Пауноски, кога и се интензивираа контактите со НАТО.
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.