Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Дедо цмок
Баба Лиле рече:
- Внучко, ајде да му напишеме честитка на Дедо Мраз!
Филип не ги знае сите букви, но знае убаво да црта. Тој зеде голем, бел лист хартија и нацрта:
Дрво, Око, Јајце, Домат, Игла
Дуња, Елка, Дете, Овчичка,
Морков, Риба, Авион, Зелка
- Бабичке, дај ми сега еден коверт и три лажички џем!
На ковертот нацрта насмеан Дедо Мраз. Потоа го изеде џемот. Усните му беа црвени. Цмок! Со нив остави отпешаток на ковертот, таму врз левиот образ на насмеаниот старец.
Баба Лиле ги состави првите букви од сите цртежи и гласно прочита:
- ДОЈДИ ДЕДО МРАЗ!
Заедно појдоа до жолтото поштенско сандаче. Брзиот чичко поштар ќе знае до кого е адресирано ова детско писмо!
Дојди, дојди Дедо Мраз
Дојди, дојди Дедо Мраз
влези и во домот наш!
Ти си патник дар што носи,
од очите смев што роси,
од устата глас што лее
- најубаво што ни пее!
Дојди, дојди од сто страни,
прескокни ги сите брани,
препливај ги сите реки,
прелетај ги сите смреки!
Ти си старец - живожарец
и најголем дародавец!
Дојди, дојди, те сакаме
- срдечни поздрави ти праќаме!
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...
Како да ги балансирате хормоните за подобра плодност?
Хормоните играат клучна улога во репродуктивното здравје. Тие го регул...