|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто се важни витамините за децата?

Редакција Рингераја, 13.10.2017
На сите ни е добро познато дека витамините се многу важни за правилен раст и развој на децата, меѓутоа и за подобрување на здравјето воопшто и за одржување добар баланс во организмот кај возрасните

image
/11


 

Но, дали знаете што всушност претставуваат витамините? Тие се комплексни соединенија што вашето тело не може да ги произведе само и мора да ги зема од храната во мали дози. Важни се за нормалното биолошко функционирање, односно за растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и, општо, за одржување на здравјето. Секој витамин си има своја намена и влијае врз подобрувањето на одредени процеси во организмот.

 

Доколку имавте дилеми, накратко ви ги претставуваме 10-те витамини што се најважни за детското здравје.

 

Витамин А –овој витамин го подобрува имунитетот и го зајакнува срцето, а најпознат е по тоа што е одговорен за подобар вид, здрава кожа и за правилен раст. Го има во морковите, зелениот и темнозелениот зеленчук, портокалот, жолтото овошје и зеленчук, јајцата, млекото, павлаката, сирењето и во другите млечни производи.

 

Витамин Б1 –велат дека ова е витаминот за нормално функционирање на срцето и за заштита на нервниот систем. Тој ги подобрува концентрацијата и менталната снаодливост. Најмногу го има во квасецот, интегралните житарици и леб, компирот, млекото и во немасното свинско месо.

 

Витамин Б3 –овој витамин, исто така познат и како ниацин, го прави организмот свеж и витален давајќи му енергија, а помага и во беспрекорната работа на нервниот систем и на мозокот. Го има во пивскиот квасец, кикириките и во рибата.

 

Витамин Б5 –или познатата протеинска киселина, го намалува уморот, а го забрзува и растот на косата и влијае врз подвижноста на телото. Позитивно влијае врз расположението затоа што го контролира адреналинот во организмот. Најмногу го има во сушеното овошје, како што се кајсии и смокви, свежиот зеленчук, но и во сусамот, оревите, сојата и во јајцата.

 

1

 

Витамин Б6 –тој е многу важен за имунитетот, а е неопходен и за правилна изградба на мускулните масти. Покрај тоа, ја поттикнува размената на протеини и аминокиселини. Исто така, важен е и за правилно работење на нервниот систем. Најмногу го има во интегралниот леб, телешкиот џигер, никулците соја, скушата, мешунките и во пиперките.

 

Витамин Б7 –овој витамин е неопходен за убава и здрава коса, нокти и кожа. Најмногу го има во квасецот, интегралниот леб, јајцата, млекото и во млечните производи.

 

Витамин Б9 –овој витамин сите го знаат како фолна киселина. Таа влијае врз создавањето нови клетки и ја регулира крвната слика, а важна е и за правилното варење и за нервниот систем, како и за добар раст и развој на фетусот. Фолната киселина ја има во спанаќот, брокулата, карфиолот, но и во телешкото и јагнешкото месо.

 

Витамин Б12 –овој витамин исто така позитивно влијае врз кожата, косата и ноктите, меѓутоа попознат е по тоа што обезбедува нормална функција на нервниот систем и обновување на крвта. Го има во свинскиот џигер, телешките бубрези, скушата и во морскиот лосос.

 

Витамин Д –на сите ни е познато дека витаминот Д е особено важен за коските. Тој помага за полесно апсорбирање на калциумот. Недостигот на калциум води до рахитис. Исто така, влијае и за здрави заби. Витаминот Д е познат и како „сончев витамин“ бидејќи сонцето е природен извор, а го има и во рибиното масло и месо, но и во јајцата, млекото, млечните производи и во путерот.

 

Витамин Е –учествува во регенерирање на клетките, а исто така заслужен е за виталноста на убавата кожа. Витаминот Е најмногу се наоѓа во авокадото, пиперката, јајцата, путерот, билните масла, оревите, морските плодови и во темнозелениот зеленчук.

 

Како што наведовме, овошјето, зеленчукот, млекото, месото, рибата се природни извори на различни видови витамини, но што ако, поради одредени причини, најчесто веројатно сезонски, постои дефицит на овие намирници?

 

Токму затоа, од исклучителна важност е витамините да се внесуваат на редовна основа и како додаток во исхраната, особено кај децата. Нутриционистите препорачуваат дека на децата им е потребно секојдневно внесување млеко, токму поради тоа што млекото е природен извор на витамини и калциум, а, пак, доколку тоа е збогатено и со дополнителна количина витамини, претставува дневна доза здравје за младиот детски организам.

 

Добар пример за ова е Битолското витаминско млеко, кое, покрај тоа што е добиено од најквалитетно млеко од специјално избрани фарми и претставува богатство од протеини, витамини, калциум и други хранливи состојки, неговата формула дополнително е збогатена со сите наведени 10 витамини што се неопходни за детскиот раст и развој.

Чаша млеко за добро здравје секој ден!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пелтечење кај школските деца
Пелтечењето е нарушување на течноста во говорот, а може да се нарече и нарушување во комуникацијата кое што влијае на м...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?