vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Како дојдов на овој свет (прв дел)
Како дојдов на овој свет (втор дел)
Магичниот сперматозоид
Секоја капка сперма се состои од илјадници и илјадници сперматозоиди кои можат да се видат само под добар микроскоп и практично е незамисливо во што ќе се претворат на крајот.
Бидејќи ќе излезат од пенисот, сперматозоидите се пробиваат низ патиштата во вагината како мали полноглавци кои пливаат низводно, со надеж дека ќе стигнат до јајце клетката која кај жената расте секој месец.
Ако само еден сперматозоид сретне само една јајце клетка, тие ја играат својата магична игра на спојување.
Играта се вика оплодување, а плод на таа игра е зачетокот на бебе. (Ако два сперматозоиди сретнат две јајце клетки ќе настанат близнаци. Три сперматозоиди ќе направат тројка и така натаму.
Сперматозоидот и јајце клетката се спојуваат и прават човек. Тој на почетокот е толку малечок што дури ни мајката во првите недели не знае и не чувствува дека е во неа.
Од ронка до бебе за девет месеци
Многу пополека тоа расте во мама. Тоа (би требало да му дадеме име, но сеуште не знаеме дали е момче или девојче) добива од храната која ја јаде мајката. Тоа е сокриено на сигурно и топло место таканаречено материца. Во текот на деветте месеци нашата мала ронка, од нигде никаде се претвора во готово бебе кое е спремно да дојде на овој свет.
Можеби ќе сакаш да дознаеш што се случуа со нашето мало бебе во текот на деветте месеци, затоа ќе ти објасниме како расте, месец по месец...
Извадок од книгата на Питер Мејл “Како дојдов на овој свет”
Превод и адаптација: Барбара
Сакаш да дознаеш како дојде на овој свет и како сето тоа се случува?! Биди со Рингераја и следната среда и многу работи ќе ти станат појасни.
До следното читање...
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безбр...
Како да го подобрите квалитетот на спермата?
Квалитетот на спермата зависи од повеќе фактори како исхраната, физичк...
Прашањето „Дали ќе бидам добра мајка?“ си го поставуваат многу жени, о...
Одмор покрај езеро може да биде прекрасна можност семејството да побег...
Моето тело знае како да го поддржи моето бебе
Бременоста е период во кој телото прави неверојатни промени. Од првите...