|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Крварење од носот кај деца

Редакција Рингераја, 12.9.2013
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Ако тоа се случи по втор, или трет пат...искуството помага проблемот да се реши мирно и без паника. Меѓутоа, ако крварењето од нос се повтори повеќе пати во тек на еден месец, прегледот кај лекар е задолжителен.

Вистинската причина за честите крварења од нос треба да ја утврди педијатар, или специјалист за уво нос и грло (ORL).

 

Крварењет од нос кај децата понекогаш делува прилично застрашувачки. Има ли причини за грижа?

Таа појава е многу честа, посебно кај деца од предшколска возраст – кои доста скокаат, трчаат, кои се немирни и активни... Во повеќето случаи се работи за безопасно крварење, кое лесно може да се санира. Колку и да делува драматично, нема причина за паника, бдејќи загубата на крв е занемарлива. Тоа во главно не е болест, туку симптом. Крварењето од носот, кое обично трае од 305 минути се нарекува добронаметно крварење.

 

Заради што доаѓа до крварење?

Најчеста причина е механичкото оштетување на слузницата на носот (ставање на прст или предмет во носот). Се јавува како последица на инфекција која ја зафаќа слузницата на носот и може да упатува на разни патолошки состојби, но многу ретко.  Крварењето најчесто потекнува од носната преграда која се наоѓа околу еден сантиметар  од влезот во носот, каде се спојуваат крвните садови од главата и вратот. Тој сплет на крвни садови личи на речна делта со илјадници мали притоки, кои се влеваат една во друга. По неко инфекции, или по механичка повреда, може да дојде до оштетување на носната слузница, која е многу танка (1-2 мм. дебелина). Тогаш почнуваат да се јавуваат зачестени крварења од носот – во различен период од денот, обично при физички напор.

 

Што треба да се направи за крварењето да престане?

Прва помош при појако крварење е притискање со палецот и показалецот на ноздрвите. По 5-10 минути се става тампон од памук наквасен во вода или солен раствор. Кога се ќе се смири во носот се ставаат деконгестивни капки, кои ги собираат крвните садови, а можат да се набават во секоја аптека.

 

Не се само прстите во нос виновни за инфекција на слузницата

И обична кијавица може да доведе до инфекција, која предизвикува крварење во носот, како и инфекција на синусите. Бактериската инфекција е препознатлива  по жолто-зелениот секрет, кивање, кашлање и чешање во носот, што обично трае 5-7 дена.

Со употреба на солен раствор слузницата се храни и се спречува крварењето.

 

Кога е неопходно детето да го прегледа лекар?

Ако крварењето во носот се повторува повеќе пати во тек на 10-30 дена, детето мора да го прегледа педијатар или оториноларинголог. Лекарот ќе утврди дали крварењето се јавува од исто место, или е последица на болест. За тоа да се согледа, се прави контрола на крвната слика и се согледуваат одредени параметри. Секако, тоа не треба да се прави на своја рака, туку по препорака на лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
4
Како да ги заштитиме децата од пасивно пуш...
Ако вие, или некој од вашето семејство пуши, а имате деца, тогаш е важно да се осигурате дека децата не се пасивни прима...
4
Домашни лекови кои помагаат при кашлица
Кашлицата е еден од најчестите симптоми кои го нарушуваат нашето секојдневие. Без разлика дали е сувa или влажна, кашлиц...
4
Како да известите за нарушен сообраќаен ре...
Кога станува збор за годишниот семеен одмор една од најважните работи за децата, но уште повеќе за родителите, е како по...
4




Анкета

какво име
Evgenija D

одберете какво име ке изберете

филип (83%)

димитар (17%)

валентин (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!