Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Знаеме и сами, бидејќи и ние имаме деца, колку е тешко да се биде искрен, а човек да не се засрами и да ја каже вистината. Пред да започнеме со пишување, прашавме неколку твои врсници како дошле на овој свет.
Еве што велат децата:
“Ме донесе тато од кафеана”
“Ме поклони еден волшебник за Нова Година”
“Мама ме најде во болница”
“Ме донесе штркот”
“Ме довлечка мачорот една ноќ”
Ти, секако знаеш дека ништо од тоа не е точно. Вистината е многу поинтересна.
Но, да почнеме од почеток.
Малите луѓе ги прават големи луѓе. Прво што треба да знаеш е дека возрасните ги прават бебињата. Секогаш едната е жена, а другиот маж. Со еден збор, возрасните кои тебе те направиле се твоите мајка и татко.
Ако ги ставиш мама и тато во када, ќе видиш нешто многу интересно. Тие не се исто градени. Веројатно веќе одамна имаш забележано некаква разлика, но тоа најдобро се гледа кога заедно ќе ги ставиш во када. Покрај тоа што се разликуваат во висина и ширина, мама и тато се разликуваат и по обликот. А имаат и различни делови на телото.
Во што е разликата?
Различните делови на телото се многу значајни, бидејќи баш тие им овозможиле на мама и тато да те направат. Затоа ќе нацртаме големи слики за да сфатиш што е што. Не се возбудувај ако луѓето на сликата не личат сосема на твоите мама и тато.
Важните делови на телото се исти кај сите (па и кај тебе) Да видиме во што е разликата. Да почнеме одозгора, од врвот на сликата.
Пред се, мажот има рамни гради, а жената на тоа место има две округли испакнатини.
Овие испакнатити имаат различни имиња. Некои ги викаат гради, а некои ги викаат дојки или цициња. Што мислиш, зошто?
Вистинското име за мамините гради е дојки и би сакале да го запомниш тоа име.
Штом ќе се родиш, дојките на твојата мајка наликуваат на подвижна млекара. Во текот на првите неколку месеци од животот твоја единствена храна е млекото. Во тоа време немаш заби па не можеш да јадеш виршли, плескавици, помфрит, колачи и било што друго. Мораш да ја пиеш својата храна.
Млекото кое те одржувало во живот тие месеци доаѓало од шишенце, или од дојките на мама. Ете така, а сега изрази мала благодарност кон дојките на мама, пред да продолжам понатаму.
Како дојдов на овој свет - втор дел
Извадок од книгата на Питер Мејл “Како дојдов на овој свет”
Превод и адаптација: Барбара
Сакаш да дознаеш како дојде на овој свет и како сето тоа се случува?! Биди со Рингераја и следната среда и многу работи ќе ти станат појасни.
До следното читање...
забава Бремените
Автор: bobik
Чувство на вина кај мајките. Како да се ослободиш?
Мајчинството е полно со радости, но и со предизвици кои често носат чу...
Најлоши пијалоци за метаболизам и како да ги избегнеш?
Метаболизмот е моторот на нашето тело. Тој ја регулира енергијата, сог...
Баланс помеѓу работа и мајчинство
Современиот живот честопати бара од мајките да ги комбинираат професио...
Како да слушаш и да го разбираш твоето дете?
Слушањето на детето не значи само да го чуеш она што го кажува, туку и...
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?