|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како дојдов на овој свет?!

Peter Mayle, 27.7.2011
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да дознаеш како си дојден на овој свет и како сето тоа се случува.

image
/11


Како дојдов на овој свет (прв дел)

Како дојдов на овој свет (втор дел)

Како дојдов на овој свет (трет дел)

 

 

Прв месец

Својот прв месец бебето (да речеме дека е девојче) го поминува во растење од една невидлива ронка до малечко девојче со големина колку твојот заб. Иако е толку мала таа веќе има кичма и зачеток на раце, нозе, нос и очи. Таа дури има и срце кое чука.

Втор месец

Кога ќе помине вториот месец нашето бебе има не само раце и нозе, туку и прсти на нив, лакти и колена. Сега веќе има и лице.

Трет месец

Ова е период во кој бебето почнува да ја развива својата опрема за вриштење. Се обликуваат гласните жици кои ќе и бидат неопходни кога ќе почне да вришти за време на вечерата.

Четврт месец

Сега бебето веќе порасна – големо е отприлика колку мајчината рака. Тоа станува се' поживо и кон крајот на овој месец мама може да почувствува како се движи. (Подоцна ако и ти ја ставиш раката на стомакот на мама, ќе можеш да почувствуваш како бебето мрда.) Некои бебиња толку клоцаат што ти се чини дека играат фудбал.

Петти месец

Ова е голем момент за ќелавите бебиња. Во овој месец главчето го покрива нежна косичка како пердув. Почнуваат да растат и нокти на прстите од рацете и нозете. А докторот со помош на специјален апарат може сето тоа да го види.

Шести месец

Иако не може да види којзнае што (бидејќи внатре е многу мрачно) во овој месец бебето за прв пат ги отвора очните капаци. Истовремено добива веѓи и трепки.

Седми месец

Ако мислиш дека досега било големо, сега бебето е вистински џин. Долго е отприлика колку твојата рака, а тешко е повеќе од 1 килограм. Бидејќи телото веќе му порасна, почнува да расте и неговиот мозок.

Осми и деветти месец

Во последните два месеци бебето расте, зајакнува и се подготвува да го запознае надворешниот свет.

Роденден

Стигнавме до оној ден, низ кој сите сме поминале, а никој од нас не се сеќава на него. Нашиот роденден. Бебето лежи свиткано во својата мајка. Како излегува? Лесен одговор. Едноставно се пробива надвор. После девет месеци на мама веќе и е доста. Бебето е спремно да излезе, а природата се погрижила сите работи да течат по својот тек...

 

 

Извадок од книгата на Питер Мејл “Како дојдов на овој свет”

Превод и адаптација: Барбара

 


Сакаш да дознаеш како дојде на овој свет и како сето тоа се случува?! Биди со Рингераја и следната среда и многу работи ќе ти станат појасни.

До следното читање...

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
3
Најдоброто писмо од една мајка до нејзинит...
Блогерката Сандра Тодоровиќ од Сараево, мајка на еден син и две ќерки, им пишува писмо во кое сака да им каже сe што зна...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?