|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да ја стекнете довербата на Вашето дете?

Редакција Рингераја, 20.9.2011
Довербата би требало да е вградена во темелот на секој квалитетен однос, а во односот родител-дете тоа е нешто без што ништо нема да биде како што треба

image
/11


 

За жал, праксата покажува дека кога децата ќе станат ученици, во преголем број на семејства недостасува токму довербата. Начинот на кој го критикувате детето и ги прифаќате неговите грешки, се меѓу клучните елементи на изградбата на довербата.

Додека се децата мали, довербата е релативно едноставна категорија. Ја стекнуваме со задоволување на детските потреби кога е гладно, жедно, уплашено, уморно, или кога бара утеха. Како детето расте, почнува да чувствува и проценува дали го прифаќаме и заклучува дали може да ни верува, проценувајќи ги нашите постапки (иако тоа најчесто го прави на несвесно ниво.)

На постарите деца не им е доволно задоволувањето на елементарните потреби за храна, пијалак и покрив над главата. Тие ќе имаат доверба во лицата кои сакаат да им помогнат, на кои не им се случува често да ги повредат и кои ги прифаќаат. Секој родител ќе каже дека сака да му помогне на детето, но важно е дали детето ги прифаќа како помош делата на родителот или ги доживува сосем спротивно – како притисок, напад, наметнување на сопствената волја и оптеретување.

Довербата се гради: со внимание, претпазливост и комуникација со детето, со одржување на ветувањето, прифаќање на детето такво какво што е, со слушање, почитување, искажување на грижа, давање на топлина и љубов, признавање на сопствените грешки и давање можност тие да се исправат со взаемно разбирање.

Довербата се уништува: со неприфаќање на детето такво какво што е, обвинување, критика, осудување, напад, одбивање, непочитување, исмејување, постојано испитување и делење на совети.

Од овие. на прв поглед едноставни и воочливи примери, видливо е како на пример, авторитативен и строг родител, ќе ја изгуби довербата во своето дете, со непочитувањето на фактот дека и детето има сопствен мозок и дека за доста работи е во состојба само да размисли и одлучи. Но и премногу грижливи и заштитнички настроени родители, исто така ќе ја изгубат довербата бидејќи премногу испитуваат и го пикаат носот во секоја детска постапка, па детето тоа ќе го протолкува на логичен начин – како недостаток на доверба.

Родителите со двоен морал, кои се занимаваат со нечесна работа, или се подмитливи, кои сметаат дека во работата успеваат само снаодливите, колку и да се обидуваат да го сокријат тоа во рамките на семејството, децата ќе го препознаат и ќе станат недоверливи или, во друга варијанта, слични на родителите.

Кога ќе порасне, ако довербата е изградена, Вашето дете ќе Ве повика кога е пијано, или оставено на цедило, што во потполност ги негира родителите кои недостатокот на доверба ја оправдуваат од страв од лоши сценарија.

Довербата изградена меѓу родителот и детето не е само темел на едноставно воспитување. Животот и довербата е полесен и поедноставен за двете страни, но пред се е важен за детето, чија што личност е во развој. Детето кое не чувствува дека е прифатено и дека може да има доверба во родителите, што и да се случи, најчесто се развива во несигурна личност, а ќе биде недоверливо и кон сегашните и идни партнери и пријатели. Кога ќе сака да ги надмине и реши своите проблеми, ќе мора само себеси да си биде родител, што не е лесно и за што сведочат голем број на психијатри и психолози.

На многу родители им претставува проблем да имаат доверба во децата бидејќи чувствуваат одговорност. Свесни се дека нивните деца не мораат да бидат лоши, но се плашат од нивната незрелост и евентуалните штетни последици. Затоа повеќето родители ќе го контролираат своето дете ронка премногу, отколку ронка премалку,  а и поедноставно е своите стравови да ги потиснат со по некоја забрана. И тоа е за луѓе, но многу е тенка границата во која недостатокот на доверба ќе почне да претставува модел на однесување во некое семејство.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Триење алкохол кај деца со температура
Во времето на бабите и дедовците, многумина верувале дека триење алкохол на дланките или стапалата на детето помага за „...
4
Детето и домашното милениче
Со добра подготовка детето и домашното милениче можат многу добро да живеат заедно. Истражувањата покажаа дека децата к...
4
Вашето дете - одговорен граѓанин
Интелигенцијата не е доволна. Интелегенцијата плус карактерот, се цел на доброто образование.- Мартин Лутер Кинг
3
Еве како да го уништите вашето дете
Овие неколку препораки и совети за родителите, ако сакаат да го уништат своето дете, ги објави лондонскиот лист за педаг...
3




Анкета

aj daj da vidime koe ime ke pobedi
MOJA MAMUS

m

marin (24%)

ivan (25%)

marko (39%)

ognen (13%)


Број на сите гласови: 285

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!