За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Од раѓањето па се до 6-тиот месец новореденчето е беззабо. Од 6-тиот месец до навршувањето на втората година од животот, кај детето вообичаено никнуваат сите млечни заби. Овие временски рамки се флексибилни и зависат од многу фактори, но доколку кај детето до 1 год. не е никнато првото запче - посетете го стоматологот за да се утврди причината за неговото доцнење.
Првата вистинска посета на стоматолог пожелно е да се случи кога ќе никнат сите млечни заби. Тогаш ќе бидете обучени како да ја оддржувате хигиената кај детето, а тоа стекнува позитивна навика и пријателски однос со неговиот стоматолог. Тој однос е неоптоварен со траумите кои ги доживуваат оние деца кои за првпат се сретнуваат со својот доктор кога се во голема болка и не знаат што ги очекува во ординацијата. При својата прва посета на детето ќе му бидат покажани и објаснети со детски јазик инструментите и деловите на машината и така целата ординација му се демистифицира. Кога ќе треба да се изврши некаква интервенција тоа дете е веќе подготвено да соработува затоа што знае дека неговиот стоматолог работи за негово добро и е негов пријател. Во детскиот период пожелно е да го посетувате стоматологот на 6 месеци, при што:
- се врши контрола на денталниот плак,
- следење на растот и развојот на лицевиот скелет и меки ткива,
- растот и развојот на забите,
- нивната поставеност во забниот низ,
- се утврдува потребата од ортодонтски апарати,
- се врши флуор превентивен третман,
- кариес превентивно залевање на забите,
- се врши рана детекција и санација на кариес.
Особено е важно да се заблежи никнувањето на првите шестодишни катници и да се следат упатствата за нивна заштита од кариес. Затоа неизоставно на шест години направете една консултивна посета на стоматолог за тој да ви даде насоки кои можат да имаат големо значење за изгледот на вашето дете. Долгорочниот, континуиран, позитивен однос кон стоматологот е една многу здрава и позитивна навика за што вашето дете еден ден сигурно ќе ви биде благодарно.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Плишано мече – таа прекрасна играчка!
Тој е омилена играчка на генерации деца, играчка од која не се одвојуваат, синоним за сигурност и стабилност. Дали Ви се...
4
Пуштете ги децата да си играат надвор!
Обидете се да го направите она што го правеле и нашите родители – пуштете ги децата да си играат надвор. Уште подобро – ...
4
Украсување на Велигденската кошничка
Неизбежен дел од декорирањето се и кошничките со јајца. Независно дали ќе ги направите самите или ќе ги купите, украсете...
4
Што јадат децата кои не јадат НИШТО
...а сепак се живи, радосни и сосема здрави?!
3