|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто се` мора да се повтори 100 пати?

Редакција Рингераја, 15.3.2023
Во секојдневието на скоро секој родител, едноставните задачи упатени кон децата (време е за бањање, ајде на ручек, излегуваме од дома), можат да се претворат во вистинска ноќна мора. Може ли ова да се промени?
Клучни зборови:

image
/11


Потребно е една реченица да се повтори безброј пати за детето да се одлучи да Ве послуша.  Ако ова Ви се случува и Вам, ќе Ви биде драго да слушнете дека е можно да се промени.

 

Еве зошто децата не прават веднаш тоа што ќе им се каже:

Сме ги научиле да не обрнуваат внимание на нас додека не почнеме да викаме или да се закануваме

Вашето дете е многу паметно. Тоа многу добро знае дека со игнорирање на Вашите наредби ќе добие на време. Детето не е лошо заради тоа, туку едноставно е човечко суштество. Ако Вашето дете има 8 години и не слуша што му велите по петти пат, значи дека е научено да не Ве сфаќа сериозно, додека не почнете да се дерете.

Решение:  Немојте да давате наредби од другиот крај на собата. Приближете се до детето, пипнете го, искоментирајте ја неговата моментална активност, а потоа кажете: “Извини душо, морам да ти кажам нешто” – потоа почекајте да Ве погледне во очи. Ако гледа во играчката или во екранот известете го дека ќе му ја земете играчката или дека ќе го исклучите телевизорот ако не Ве погледне. Не давајте упатство додека не Ве погледне во очи. Испочитувајте го секое предупредување кое сте го дале бидејќи во спротивно детето учи дека сте несериозни.

 

Немаат исти приоритети како нас

Ниедно дете нема да Ве разбере зошто мора да се бања баш во овој момент и зошто тоа на родителите им е толку важно. Тоа има нешто друго во својата глава и е на средина на некоја “работа”. Иако неговата игра Вам не Ви е важна, играта е детската  работа, бидејќи тие учат преку игра. Позитивната страна е што детето умее да се заигра само, не чекајќи Ве Вас.

Решение: Пријдете му на детето и поразговарајте за тоа што го направило: “Браво, си направил супер гаража. Покажи ми како функционира”. Откако ќе го добиете неговото внимание  кажете: “Душо, време е за бањање. Ќе дојдеш веднаш или за 5 минути? Добро тогаш, за пет минути, но без одолговлекување. Се договоривме? Ајде да се ракуваме”.

 

Потребна им е помош да преминат од една на друга активност

Ставете се во нивна позиција, зарем Вас не Ви е тешко да се одвоите од читањето занимливости на компјутер за да го смирите расплаканото дете? Децата го доживуваат нашето зборување исто така и се обидуваат да го игнорираат.

Решение: Дадете му едно предупредување. Кога ќе се вратите за 5 минути повторно поврзете се со детето со коментар, на пр. “Ууу колку е брз тој автомобил” и држете се до Вашиот договор: “Добро срце, поминаа 5 минути. Се сеќаваш што се договоривме. Сега е време за бањање. Сакаш ли да се тркаме до купатилото со автомобилите? Ти земи го жолтиот, јас црвениот да видиме кој прв ќе стигне. Одиме!”

 

Не се чувствуваат поврзани со нас

Кога децата не обрнуваат внимание на нашите барања, значи дека не се чувствуваат поврзани со нас. Тоа може да биде од различни причини, можеби не сте биле заедно цел ден, можеби сте го карале, или можеби константно имате бебе в раце и.т.н.

РешениеПокажете почит кон желбите и потребите на детето и тоа не само кога издавате наредби туку колку можете почесто. На таков начин ќе воспоставите соработка.

 

И тие се само луѓе

Примената на сила предизвикува одбивност. Секое човечко суштество одбива да биде контролирано и децата воопшто не се разликуваат од тоа. Колку повеќе се обидувате да го контролирате, толку повеќе ќе се буни. На ова гледајте позитивно. Ако научи да биде послушно, нема да може да донесува самостојни одлуки кога нема да бидете во близина. Ако го научите на самодисциплина ќе знае да мисли на себе и никој нема да може да го искористи.

Решение:  Бирајте кои битки ќе ги водите. Ставете му до знаење дека секогаш сте на негова страна и дека секогаш постои избор. Подобро е да го научите како да се снаоѓа, отколку да се обидувате да го контролирате.

Децата нема да ги послушаат родителите од едноставна причина:  родителите многу пати не го направиле тоа што го рекле. Значи децата нема да Ве послушаат не заради тоа што се разгалени. Послушноста не треба да ни биде цел, туку дисциплината. Зарем не е подобро да имате дете кое сака да соработува? Соработката е потполно различна од послушноста.

Можеби ваквите методи Ви изгледаат комплицирани и за нив Ви треба повеќе време? Да, на почетокот е тешко. Би било подобро кога децата веднаш би направиле тоа што ќе им се каже. Добра страна е што на овој начин ги учите на самодисциплина. На крај ќе Ви биде многу полесно да ги ставите во када.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рачно изработени подароци за 8-ми март
Кажете “Те сакам мамо!” со подарок од срце. Еве неколку идеи како да направите осмомартовска работилница со децата
4
Двојазичност кај децата
Што значи терминот двојазичност, или билингвизам? Најопшто значење на овој термин е: користење на повеќе јазици (може да...
3
Ве преколнувам, не живејте за децата
Ве преколнувам, немојте да живеете за децата! Не само што тоа не е потребно, туку е и штетно. Колку промашени судбини, с...
3
Детски игри за поттикнување на креативноста
За детето да не го поминува слободното време пред екраните од мобилните телефони или таблети, експертите советуваат роди...
3




Анкета

Сезони.
Admin

Во која сезона е родено вашето дете?