Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Тоа навистина е така, но родителството не е само тоа. Заедно со првиот плач на бебето, со првата насмевка и првиот допир, многу родители првпат го слушаат и тивкиот глас на вината. Таа не доаѓа од детето, доаѓа од внатре. Од стравот да не згрешиме, од очекувањата, од споредбите со другите родители.
И токму тоа е реалноста за која ретко се зборува.
Зошто се јавува чувството на вина?
Вината кај новите родители е често производ на несоодветни и нереални очекувања во одредени ситуации и од себе и од партнерот, но и од општеството. Социјалните мрежи, јавните говори иа експерти и други родители, ја засилуваат илузијата дека „добрите родители“ секогаш знаат што прават, се справуваат смирено, се жртвуваат без отпор, а нивните деца секогаш се насмеани и мирни.
Реалностн често е спротивна: ненаспани ноќи, конфузија, емоционални падови и дилеми без одговор.
Вината може да изгледа вака:
Ова се мисли што многу родители ги имаат – но ретко ги изговараат.
Зошто е важно да зборуваме за вината?
За ова е важно да зборуваме за да не се заглавиме во илузијата дека сите други се снаоѓаат само вие не. Ако не зборуваме отворено за вината, ако не се препознае и не се поработи на тоа како проблем, може да се претвори во хроничен стрес, анксиозност или чувство на неадекватност. И најважно со тоа ја добивате заслужената поддршка, а не идеализација.
Што можете да направите?
1. Препознајте ја вината како нормална емоција
Не значи дека сте лош родител, значи дека ви е грижа. Но вината не е доказ за неуспех. Таа е гласот што треба да се слушне, но не и секогаш да се следи.
2. Поставете си реални очекувања
Нема „савршено мајчинство“ или „савршено татковство“. Секој ден учите, и тоа е доволно. Понекогаш ќе згрешите, но и тоа е дел од растењето, вашето и на детето.
3. Поврзете се со други родители
Разговорите со други што минуваат низ истото носат олеснување. Најчесто ќе откриете дека не сте сами во своите мисли и стравови.
4. Барајте поддршка, а не дозвола за да направите нешто
Дали се сомневате дека сте„доволно добри“? Поставете го прашањето, но на вистинско место, кај психолог, педијатар, партнер или доверлива личност.
Да се биде родител е човечки, не божествено
Ќе има денови кога ќе бидете трпеливи. Но ќе има денови кога ќе се скршите, кога ќе се прашувате дали оваа улога е преголема за вас. Но сето тоа е во ред и е дел од вашето развивање и ратење како родители.
Вистинските родители не се совршени. Тие се тука и кога се уморни, и кога грешат, и кога се прашуваат. Љубовта не се мери со тоа дали секогаш знаете што правите, туку со тоа дали се трудите, повторно и повторно.
30
8
5
5
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Една од најдлабоките, но и најтешките вештини што може да ја поседува ...
Што се случува со телото после породување?
Породувањето е еден од најмоќните, најинтензивните и најтрансформативн...
Разликата меѓу вљубеност и љубов. Зошто е важна?
Во животот многупати мислиме дека сме го пронашле „она вистинското“ чу...
Зошто некогаш сме „буре од емоции“?
Понекогаш се будиме прекрасно расположени, а неколку часа подоцна ни п...
Антибиотиците кога помагаат, а кога прават штета?
Вие или вашето дете има температура, дали ви треба антибиотик? Антибио...