Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Икањето не е ништо друго туку резултат на несакани контракции на дијафрагмата. Дијафрагмата е мускулна мембрана која ја раздвојува стомачната празнина од белите дробови и која им овозможува на истите да се наполнат со воздух. Со вдишувањето и издишувањето дијафрагмата се подигнува над долниот дел на градниот кош.
Кога ќе дојде до контракција на мускулот, тој се стиснува и се намалува. Ако мускулот на дијафрагмата непрестано контрахира, доаѓа до изненадно и брзо затворање на дишникот. Како што дишеме , воздухот поминува низ дишникот, заради што доаѓа до препознатливиот звук “ик, ик”.
Прашањето кое сега веројатно ќе си го поставите е зошто мускулите на дијафрагмата контрахираат, односно се стегаат и отпуштаат? За тоа постојат многу теории. Едната кажува дека причината за тоа е желудникот кој при претерано истегнување создава притисок на дијафрагмата. Кај некои луѓе икањето се појавува заради обилниот оброк. Исто така, икањето може да се јави кога заради брзото јадење, со залаците голтаме и многу воздух.
Како што бебето се развива во мајчиниот стомак, тоа голта од амнионската течност. Доколку голтне повеќе и стомачето му се наполни, може да почне да ика. Икањето е исто така многу честа појава кај бремените жени бидејќи зголемената материца притиска на дијафрагмата, а сега веќе знаеме што се случува кога дијафрагмата ќе се вознемири.
По раѓањето бебињата често икаат. Не постои некој посебен начин или лек со кој можете да им помогнете за да престанат со икање. Икањето повеќе Ви пречи Вам, отколку на Вашето бебе, бидејќи тоа веќе е навикнато на тие досадни контракции. Икањето најчесто се јавува при јадење и пиење, а некои научници сметаат дека икањето е механизам кој го штити организмот на бебето од гушење.
Сепак, постојат случаи кога икањето може да биде сериозен медицински проблем. Таквото икање се поврзува со развој на некои болести. Но кај бебињата таквите случаи се занемарливи.
Затоа не грижете се. Кога бебето ќе почне да ика, нежно погалете го по грбот и дајте му време спонтано да престане. Доколку сте загрижени заради интензитетот и времетраењето на икањето, нема ништо лошо доколку се посоветувате со педијатар.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.