vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Редовните хигиенски постапки се неопходни за девојчињата од нивното раѓање. За да се избегне промена на кисело-алкалната рамнотежа и да не се нанесе штета по нежната и чувствителна кожа, потребно е да не се употребуваат обични сапуни, туку специјални детски средства за интимна хигиена.
Како се мијат гениталиите на девојчињата?
Девојчето мора да има лични средства за интимната хигиена - сапун, сунѓер, крпа за бришење. Пред да ја започнете интимната хигиена на детето, добро измијте ги рацете. Половите органи се мијат темелно со отворање на малите и големи срамни усни и со насочување на водата кон анусот (со цел да се избегне влез на бактерии во вагината). Користете Ph неутрален детски сапун кај новороденчињата или специјални средства за интимна хигиена за девојки и жени кои го поддржуваат или обновуваат потребниот PH баланс на кожата. Според некои стручњаци сапун не е потребен, бидејќи ja суши лигавата обвивка, а масните и потни жлезди на бебето се уште не работат. По миењето исушете го местото со мека крпа.
Дали треба да се користат креми и масла?
Само при иритации на кожата на половите органи и тоа по посетата кај лекар. Ако се е во ред - масти не се потребни.
Што да правиме при чешање, црвенило или непријатна миризба?
При појава на слабо црвенило, можете да се обидете да ја ублажите состојбата со домашни средства. Не искористете вообичаен сапун и вода, туку чај од камилица. Потоа намачкајте со детски инфламаторен крем. Ако црвенилото не помине за неколку дена, консултирајте се со доктор. Во останатите случаи – чешање, оток и непријатна миризба - не се обидувајте да го лекувате детето сами. Причини за ваквите појави можат да бидат многубројни- бактерии во вагината, тении, алергии, авитаминоза. Ова може да го утврди само лекар. Тој ќе земе брис, преку кој ќе постави дијагноза и ќе ви препише соодветна терапија.
22
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...