Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум...Душко Радовиќ
Одговорот на прашањето зошто родителите немаат авторитет е многу едноставен: затоа што се откажале од него. Дали тоа била свесна одлука или не, тоа е друго прашање, но едноставноста на родителскиот авторитет ќе ни биде многу појасна, ако погледнеме какви закони владеат во природата.
За земјата постојат меѓу три и триесет милиони животински видови. Од тој број, цицачи се околу 5000. Ако ги набљудуваме само цицачите, ќе видиме дека сите тие, без исклучок, се грижат за своите малечки. Тоа е разбирливо и претставува инстиктивно однесување кое овозможува одржување на видот. Цицачите во главно се грижат за своите малечки додека тие не достигнат некој степен на зрелост. Сличноста со луѓето, секако во зависност од видот, постои во помала или поголема мера. Иако сме на врвот на еволутивната скала и иако од животните се разликуваме по резонирањето и разумот, како вид сме сепак дел од природата. Во таа смисла, а во врска со прашањето на родителскиот авторитет, многу е интересен следниот факт: во животинскиот свет не постои вид во кој младенчињата, кои не оствариле зрелост, да го преземале водството во однос на родителите и кои се посупериорни од родителите. Идејата за младенчето на тигарот кое се смее во лицето на таткото, на младенчето на горила кое ја удира својата неколку пати поголема мајка бидејќи нешто не му е по волја, или идејата на слончето кое оди на чело и пред големите слонови – не тера на смеа. Овие ситуации се смешни бидејќи се апсурдни и невозможни.
Секако, идејата за споредување на авторитетот во животинскиот свет и во нашето семејство, на некого може да му изгледа нелогично, па дури и навредливо. Сепак, кога е во прашање авторитетот на семејството кој е така лошо уреден што го пореметува нормалното функционирање на семејството и негативно влијае на сите членови, не е ли време да се запрашаме дали можеби ние самите ги искомплициравме работите? Дали силните прашања или дилеми околу тоа кој е, зошто и во која мера претставува авторитет, не не одвеле на погрешен пат па сме се изгубиле, на сопствена и на штета на своето дете? И не е ли време да се потсетиме дека прашањето на авторитетот е многу поедноставно отколку што ни се чини? Па да, тогаш, пред да почнеме да се занимаваме со прашањето за враќање на авторитетот, на кој начин да го направиме тоа и дали да го направиме, прво треба да сфатиме дека на нас родителите ни припаѓа авторитетот и не ни треба ничија согласност ни одобрување, па ни од нашите малечки. Тоа така треба да го сфаќаме и доживуваме.
Во моментот кога ќе станеме свесни за фактот дека целата идеја за детето како некој кој донесува одлуки и од кого страхуваме, не знаејќи како да се здобиеме со авторитет, во суштина е апсурдна.
Родителите кои имаат потешкотии со воспоставување на авторитетот во однос на детето, можат да се поделат во две групи.
Тоа се:
Родители кои не мислат дека имаат било каков проблем, или сметаат дека прашањето на авторитетот нема значење. Тие најчесто уживаат во својот мал диктатор. Недостатокот на сопствениот авторитет го објаснуваат со тоа што велат дека тоа не е важно (Јас на своето дете сум му пријател и ние сме рамноправни), или дека не сакаат на детето да му наметнуваат авторитет (Не сакам да го фрустрирам своето дете) или ако детето има поголем авторитет од родителот (Тој е таква личност. Точно знае што сака и не се смирува се додека не го добие. Вистински Бик со подзнак на Стрелец).
Родителите често се заведени во верувањето на еднаквост со детето. Секако дека приказната за еднаквоста е стапица која само е завиткана во обландата на истите права, почитување, пријателство итн.
Значи, родителите немаат авторитет затоа што, свесно или несвесно, сами се откажале од него.
На родителите кои не се задоволни со поделбата на моќ во семејството, секако ќе им олесни кога ќе сфатат дека родителскиот авторитет е нешто на што имаат право, но тоа е и нивна обврска и постои начин на кој авторитетот може повторно да се стекне.
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?