|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто постариот брат најмногу се сака?

Редакција Рингераја, 17.8.2018
И покрај сите караници и конфликти додека сте биле мали, вашиот постар брат секогаш ќе биде најдобрата личност во вашиот живот. Дури и денес кога ќе се потсетите на детството, сигурно сеќавањата со братот ви се едни од најдрагите. Прочитајте зошто
Клучни зборови:

image
/11


1. Се грижи за вас

Вашиот постар брат секогаш ви бил како уште еден родител. Кога возрасните не биле дома, тој бил одговорен за вас и за вашите браќа и сестри. Сега сте навистина благодарни што имате идол како него во вашиот живот. Секогаш се грижел за вас кога станувало збор за вашите врски и секогаш ги имал најдобрите совети. Светот може да биде навистина страшно место, но вашиот брат е херојот кој ве држел настрана од неволји.

2. Ви го покажува светот

Постариот брат е како туристички водич. Тој е личноста што ги проширила вашите хоризонти. Најверојатно се преселил од дома пред вас, а можеби и учел во друг град или држава. Оттогаш ви покажал многу нови места и ве однел на најдобрите авантури. Сте ги следеле неговите совети за кои ресторани да ги пробате или каде да отпатувате следно. Тој е најважната личност бидејќи секогаш ќе ве охрабрува да тргнете на следната авантура.

3. Ве смее

Вашиот постар брат секогаш ви ги кажувал најдобрите шеги. Ве научил да се смеете и на ваша сметка и понекогаш да правите глупави работи. Голема е веројатноста дека од него сте го научиле и сарказмот. Секогаш ќе ја сакате неговата смисла за хумор.

4. Ве учи да бидете трпеливи

Никој не ја разбира трпеливоста како вашиот постар брат. Сепак, тој требало да се грижи за вас и секогаш прв се справувал со семејната драма. Низ годините ви ја пренел оваа вештина. Животот е полн со неочекувани пресврти, а тој ве научил како да се справите со тоа. Никој не сака да чека, но потребно е да имате малку трпение во ситуациите што не се идеални.

5. Ве запознава со нови луѓе

Изгледа како вашиот брат да ги познава сите. Запознал многу луѓе во средно и на факултет, а сигурно голем дел од нив навистина ќе ви се најдат во животот. Постариот брат постојано ве запознава со нови луѓе, па вашиот социјален круг е значително поголем благодарение на него. Сигурно сте се дружеле многу и со неговите пријатели.

6. Никогаш не ви суди

Вашиот постар брат никогаш нема да ви суди, а тоа го прави најдобар. Ве сака безусловно и нема да застане против вас. Можеби понекогаш ќе се обиде да ве насочи на вистинскиот пат, но тоа секогаш е со најдобра намера. Бил со вас и во најчудните периоди од вашиот живот. Сака да го сподели и неговото мислење, но секогаш ви мисли добро. И тој направил многу нешта на коишто не е горд и знае дека и вам ве очекуваат многу слични ситуации.

7. Верува во вас

Личноста која најмногу ве поддржува е вашиот постар брат. Иако можеби не го покажува тоа постојано, секогаш навива за вас и верува во вашата способност да го промените светот. Додека сте растеле постојано ве терал да ги поминувате вашите граници. Колку колачиња можете да ставите во уста? Можете ли да скокнете повеќе од него? На овој начин ве учел да бидете сигурни во себе без разлика на предизвикот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

И Вашето дете пцуе?
Може прилично да Ве шокира кога ќе чуете дека Вашето дете пцуе. Се прашувате каде и од кого слушнало такво нешто и дали ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија во недела на 21.04.2013 во 10.20...
3
Здрави навики за ладните зимски денови
Зима, период кога пред се имаме чести температури под нулата, а ние мораме да најдеме начин адекватно да се загрееме и д...
3
Примена на методот Монтесори во секојдневието
Популарната во целиот свет техника, на Марија Монтесори може да биде користена не само во училиштата и градинките, туку ...
3