vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Имено, децата се склони да направат и да речат работи заради кои ќе се зацрвениме. Неколку мајки и татковци ги поделија со светот овие понижувачки моменти. Дали се препознавате во некои од нив?
1. Тригодишното дете успеа само да ги изгасне свеќичките на роденденската торта. Проблемот е што не беше тој славеникот. Славеникот почна да вришти и да плаче.
2. Супер е кога детето само ќе научи да ја отвора вратата, но не е добро кога во тој момент вршите нужда во WC во кафетеријата која не е празна.
3. Вашите пријатели знаат дека вашиот син, кој има само пет години, знае да го напише своето име. Знаат бидејќи со фломастер го напиша на нивниот кауч.
4. Го одведовте вашето дете, кое го одвикнавте од пелени, да се слика со Дедо Мраз. Хмм, вие само мислите дека сте го одвикнале.
5. Налетавте на ваша познаничка и вашето дете гласно прашува: “Како се вика тетката?”. Не можевте да му одговорите бидејќи не ни можевте да се сетите на нејзиното име.
6. Вашето дете нацртало во градинка автопортрет. Со зачудувачко точни и прецизни анатомски делови.
7. Денес два пати моравте да одите до продавница: еднаш по храна, а вториот пат да ги вратите слатките кои ги украде вашето дете, бидејќи одбивте да му ги купите.
8. Можете да копате дупка, а можете да копате и во носот. Но не можете да копате во туѓ нос. Чекајте, можете! Воспитувачката во градинка ви кажа дека вашето дете токму тоа го направило.
9. Малата комшивка има нова фризура, како некој да ја касал, а не стрижел. Фризер била вашата ќерка.
10. Вашиот син гордо им кажува на сите луѓе на улица дека има сипаница на мочкалото.
11. Вашата ќерка гордо им ги покажува на сите новите гаќички со панделка кои и ги купивте.
12. Вашето дете конечно научи да го дува носот. За жал тоа го направи во лицето на вашиот свекор.
13. Повторно задоцнивте во градинка и и се извинувате на учителката објаснувајќи дека колата не ви палеше. Тогаш вашето дете реши за прв пат да ја каже вистината дека пцуевте цело утро бидејќи сте се успале.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...