|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Шест причини зошто баба е подобра од мама

Редакција Рингераја, 15.3.2017
Колку и да се вкусни на мама манџите, друго е баба да ти зготви. Дали затоа што има повеќе кулинарско искуство или пак бидејќи нејзиниот таен зачин е капка љубов, за никого не е тајна дека на баба јадењата се повкусни
Клучни зборови:

image
/11


 

За никого не е тајна дека секое дете ја обожава баба си, дури и повеќе од мајка си. Тоа може и да ви навредува како родители, но признајте дека и вие имате слични чувства кон вашите баби. Еве 10 добри причини зошто баба е подобра од мама.


Баба готви подобро

Колку и да се вкусни на мама манџите, друго е баба да ти зготви. Дали затоа што има повеќе кулинарско искуство или пак бидејќи нејзиниот таен зачин е капка љубов, за никого не е тајна дека на баба јадењата се повкусни. А и покрај тоа баба нема ништо против да готви заедно со внуците и не и пречи кога во кујната ќе настане војна со брашно и јајца. Важно е децата да се среќни.

 

Баба има повеќе време за игра со внуците

Ако мама и тато вообичаено се зафатени, особено кога станува збор за игри, баба секогаш е расположена за игра. Никогаш нема да слушнете од баба:

    
"Сега немам време, почекај малку."
    
"Игри? Не ме замарај, оди играј си со сестра си! "
    
"Не гледаш дека сум зафатен ?!"

И потоа се прашувате зошто немате спомен од детството со вашите родители, а се сеќавате на моментите со баба и дедо.
 

 

1

 

Баба е трпелива

Родителите секогаш брзаат и секогаш трчаат по некаков распоред. Додека бабите се секогаш подготвени да почекаат уште 5 мин детето да си поигра во паркот.

 

Баба е добар слушател

Додека кај мама важи правилото "Сето кажано може да се искористи против вас", бабите се прекрасни слушатели и никогаш нема да го натераат детето да жали што споделило нешто.


Баба не критикува

Родителите постојано наоѓаат за што да се расправаат со децата - собата не е суредена, алиштата не се наредени, креветот е намачкан со чоколадо. Додека баба е онаа која ќе ужива и поттикнува сè што детето направило, макар и по погрешен начин.


На баба може да се потприте за се

Баба е онаа која ќе помогне во тежок момент, која ќе ги разбере проблемите на детето, која може да чува тајна.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Децата и стравот од летање
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживување, но за други вистински кошмар.
14
Што ќе изберете: Грижлив сопруг или убав маж?
И додека некои жени сакаат да имаат привлечен маж, независно од тоа дали е грижлив, други сакаат покрај себе грижлив маж...
4
Како да се ослободите од мравките на приро...
За среќа, постојат многу начини да се ослободиме од мравките, а најдобро е што повеќето состојки за елиминирање на мравк...
4
Кога немаат интернет, децата се тажни!
Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?