|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Краток период меѓу бремености. Што значи за мајката и бебето?

Редакција Рингераја, 17.12.2025
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски интервал, телото на мајката може да нема доволно време целосно да се опорави од претходната бременост и породување.

image
Фото:Canva/Краток период меѓу бремености може да го зголеми оптоварувањето на телото на мајката, па затоа информираноста и лекарскиот совет се клучни за здравјето и на мајката и на бебето.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Краткиот период меѓу бремености може да биде поврзан со зголемен ризик од анемија, замор, предвремено породување или пониска тежина кај бебето. Сепак, секоја жена е различна и овие ризици зависат од повеќе фактори како здравствената состојба, возраста, начинот на породување и квалитетот на пренаталната нега.

Информираноста и консултацијата со здравствен работник се клучни за безбедна и здрава следна бременост.

 

Што значи тој краток период?

Медицински, краткиот период меѓу бремености најчесто се смета период од помалку од 12 месеци од породување до ново зачнување, а особено ризичен се смета периодот пократок од 6 месеци.

Ова не значи дека бременоста е невозможна или автоматски опасна туку дека телото можеби нема доволно време целосно да се обнови.

 

Како влијае на телото на мајката?

1. Недоволно закрепнување

Телото по породување има потреба од време за: хормонална рамнотежа, обновување на резервите на железо, калциум и фолна киселина, како и заздравување на матката и карличниот под.

Краткиот размак може да значи поголем замор и исцрпеност.

 

2. Поголем ризик од анемија

Ова е чест проблем кај жени кои повторно забременуваат брзо, особено ако првата бременост и доењето ја исцрпиле резервата на железо.

 

3. Емоционален и психолошки товар

Грижа за мало бебе додека повторно си бремена може да доведе до: зголемен стрес, анксиозност и чувство на вина или преоптовареност.

 

Како може да влијае на бебето?

Истражувањата покажуваат дека краткиот период помеѓу бремености може да биде поврзан со: предвремено породување, пониска тежина на бебето при раѓање, зголемен ризик од некои компликации.

Сепак, со добра медицинска грижа, многу жени имаат целосно здрава бременост и раѓаат здраво бебе.

 

Што препорачуваат стручните лица?

Повеќето здравствени организации препорачуваат најмалку 18 месеци растојание помеѓу породување и следно зачнување бидејќи минималниот период за основно физичко закрепнување е 12 месеци.

Овие препораки се општи и може да се разликуваат зависно од: начинот на породување, здравствената состојба, возраста, дали мајката дои.

 

Ако веќе си бремена повторно за краток период што е важно?

  • Важни се редовни гинеколошки контроли.
  • Редовно следење на висината на хемоглобинот и внес на витамини.
  • Консумирање на драва и калорична храна.
  • Одмор.
  • Психолошка поддршка.

 

Позитивната страна што ретко се спомнува

Некои семејства гледаат и предности со тоа што децата растат поблиску по возраст и поминуваат низ слични фази на развој

Но и кога ги гледасме овие придобивки здравјето на мајката е секогаш приоритет.

 

Краткиот период меѓу бремености не е табу, но бара свесност и грижа бидејќи телото на жената не е машина па му треба време за обновување.

Најдобрата одлука е онаа што ја зема предвид твојата физичка состојба, ментално здравје и семејни околности, а не туѓи очекувања.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навремена набавка на потребните работи е исто така важна....
8
Страв од непознатото во бременоста
Бременоста е еден од највозбудливите периоди во животот, но истовремено носи многу промени, прашања и неизвесности.
8
Првите денови од бременоста. Што треба да ...
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот ваш свет. По возбудата и радоста, сосема е нормално...
8
Воспаление на јајниците. Што треба да знаете?
Воспалението на јајниците, медицински познато како оофоритис е состојба која најчесто ги погодува жените во репродуктивн...
5




Анкета

sasa
siki1

koja bolnica za IVF e podobra

sistina (38%)

plodnost (62%)


Број на сите гласови: 176

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!