|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Воспаление на јајниците. Што треба да знаете?

Редакција Рингераја, 6.1.2026
Воспалението на јајниците, медицински познато како оофоритис е состојба која најчесто ги погодува жените во репродуктивниот период.

image
Фото:Canva/Оофоритисот е воспалителна состојба која најчесто се јавува кај жени во репродуктивниот период и може да влијае врз репродуктивното здравје, менструалниот циклус и општото благосостојба доколку не се открие и лекува навреме.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Иако понекогаш започнува со благи симптоми, доколку не се лекува навреме може да доведе до сериозни компликации, вклучително и проблеми со плодноста.

 

Што претставува воспалението на јајниците?

Оофоритисот е воспалителен процес на еден или двата јајника. Често не се јавува самостојно, туку како дел од пелвична воспалителна болест, при што инфекцијата се шири од вагината и матката кон јајцеводите и јајниците.

 

Причини за воспаление на јајниците

Најчестите причини се:

  • бактериски инфекции како кламидија, гонореја, стрептококи и слично,
  • инфекции по гинеколошки интервенции,
  • сексуално преносливи инфекции,
  • ослабен имунитет,
  • нелекувани вагинални или уринарни инфекции.

 

Симптоми што не треба да се игнорираат

Симптомите може да бидат различни по интензитет како:

  • болка во долниот дел на стомакот, еднострана или двострана,
  • болка при сексуален однос,
  • зголемена телесна температура,
  • неправилен менструален циклус,
  • необичен вагинален исцедок,
  • општа слабост и замор.

Кај некои жени, симптомите може да бидат благи, но инфекцијата сепак да напредува.

 

Како се дијагностицира?

Дијагнозата вклучува: гинеколошки преглед, ултразвучен преглед, лабораториски анализи (крв, брисеви) и тестирање за сексуално преносливи инфекции. Раната дијагноза е клучна за успешно лекување.

 

Зошто навременото лекување е важно?

Нелекуваната упала на јајниците може да доведе до:

  • хронична болка во карлицата,
  • формирање на адхезии,
  • оштетување на јајниците и јајцеводите,
  • намалена плодност или стерилитет,
  • зголемен ризик од ектопична бременост.

 

Како се лекува?

Лекувањето зависи од причината, но најчесто вклучува: антибиотска терапија, одмор и мирување, аналгетици по препорака на лекар и избегнување сексуални односи за време на терапијата. Важно е терапијата да се заврши целосно, дури и ако симптомите исчезнат порано.

 

Може ли да се забремени по воспаление на јајници?

Во многу случаи може, особено ако воспалението било откриено и лекувано навреме. Кај жени со повторливи или нелекувани инфекции, може да има последици врз плодноста, па затоа редовните гинеколошки контроли се од исклучително значење.

 

Како да се заштитите?

За заштита од овие воспаленија потребно е да правите редовни гинеколошки прегледи, да имате заштитени сексуални односи, да се грижите за вашиот имунитет, а ако веќе се открие воспаление на јајниците или било какви инфекции кои водат до тоа навремено да се побара помош и да се лекуваат.

 

Воспалението на јајниците не е состојба што треба да се игнорира или состојба за која треба да мислиме дека ќе помине сама по себе. Раното препознавање и соодветното лекување ја штитат не само моменталната состојба, туку и репродуктивното здравје на жената на долг рок.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сеќавање на нашите прерано изгубени бебиња
15 октомври е ден кој е посветен на прерано изгубените бебиња во бременоста, или непосредно по раѓањето. Родителите од ц...
4
Првите знаци што тивко шепотат „можеби си ...
Почетокот на бременоста е период полн со промени во телото и во чувствата на жената. Некои од нив се суптилни, додека др...
3
Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безброј прашања: „Што сега?“, „Дали треба веднаш на лек...
3
Зошто некогаш сме „буре од емоции“?
Понекогаш се будиме прекрасно расположени, а неколку часа подоцна ни пречат сите звуци, зборови и дури и сопствените мис...
3




Анкета

Слободно време
predrag

Што правите во слободното време

читам (21%)

гледам ТВ (29%)

слушам музика (2%)

одмарам (13%)

нешто друго (12%)

СЛОБОДНО ВРЕМЕ??? (23%)


Број на сите гласови: 84

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!