|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Здраво, бело и дебело?!

Мирјана Мимица, 3.7.2014
Македонија е полна со предрасуди од типот – промајата може да те убие, а исто и ладниот бетон. И денес се сеќаваме на советите на баба – ни под разно, макар да тресе и земјотрес, не смее да се излезе од дома 6 часа откако косата ќе се измие!
Клучни зборови:

image
/11


 

И со тие предрасуди се воспитувани генерации и генерации, се пренесуваат од колено на колено како јуначки песни, особено оние поврзани со исхраната.

Храна = здравје. Притоа не е важно која храна е во прашање, важно е да бидеш сит.

Движењето = опасност по живот.

Или вака:

Не знам колку пати сум видела расплакано дете по кое викаат, на кое му се закануваат, кое само што не го завртиле наопаку, терајќи го да го проголта она што му го ставиле во уста, се додека не исповрати од плачење. Познато е дека малите деца не сакаат баш да јадат, што е чиста заблуда. Децата јадат, чувствуваат глад, но не толку колку што замислуваат мајките, татковците, бабите и останатите роднини. Децата исто така имаат право нешто да не сакаат, а најчесто не го сакаат она од што зависи нивното здравје. Да речеме од спанаќ. Точно со тоа ги колкаат децата, а тие кутри голтаат ли голтаат, се додека не исповратат, главно од плачење. Потоа му викаат затоа што исповратило, заканувајќи се дека следниот пат ќе го изеде повратеното. И тоа секогаш е тажна слика, тоа тероризирање на детето со храна.  Да не зборувам колку пати сум седела на гости, каде секогаш има некоја мајка или баба која упорно се обидува да го натера детето да јаде, па детето плаче, па тие вртат со вилушката околу неговата глава, што мислам дека ќе му ги ископаат очите. Во тој момент стануваат  сите од масата  и почнуваат хорски да го убедуваат детето да јаде за да добие ова или она, преплашувајќи го дека нема да порасне ако не јаде, дека нема да го примат во училиште, дека нема да може да најде девојка/момче. И сето тоа ќе се претвори во еден обичен циркуз, што повеќе немаме поим дали славиме роденден, дали некого жениме, или сите тука сме се собрале за детето да ја замрази храната, животот и одењето на гости. Секако, тажната сцена се претвора во препукување кој е крив што детето не јаде, додека секој со секого не се скара и додека некој не почне да плаче (срцето ми го изеде колку не јаде).

Некој во целата таа драма ќе се сети да каже дека децата од Африка немаат што да јадат и дека детето ќе биде исто како нив. Што се случува во главата на детето кое нема поим  што е тоа Африка, ни како изгледа тоа дете кое нема што да јаде, не ми е познато. Но дека треба да има грижа на совест, треба и дека мора да јаде и за себе и за детето од Африка, мора.

Кога ќе се смилуваат и ќе го однесат расплаканото дете да го измијат, до крај на прославата ќе дофрлаат – не скокај, ќе се повредиш, не трчај, ќе се испотиш, не смеј се, ќе се измочкаш ноќеска, го преплашуваат дека детството ќе му се претвори во најголем хорор ако мрдне од столицата.

Сето ова што го напишав го гледам секојдневно – јади, само уште ова, уште ова залаче, не трчај, не скокај, не трчај по топката, седи тука...

Кога баба ќе дојде на гости, уште од врата прашува – Му давате ли вие на ова дете да јаде? – како мајка му и татко му да го измачуваат со глад. Мајката го презема детето од бабата со прашањето – Дали јадеше нешто? Не ја интересира дали детето научило нешто ново, дали прошетало, туку само дали јадело.

Кога и да видите некое дебелко дете, треба да знаете дека го воспитува и храни семејство полно со предрасуди, чии членови секојдневно го известуваат какво невоспитано суштество е, додека му се нуди од пиле млеко, за разлика од неговите родители кои имале да јадат само леб и маст.

Тогаш децата ќе пораснат и ќе се запишат на училиште каде секако ќе бидат примени, дури и ако не се дебели. А таму, на децата не им зборуваат колку е важно да се биде физички активен, туку ги приморуваат да прават вежби за да добијат добра оценка. Односот кон физичкото воспитување е ист како односот кон историјата. Има да научиш напамет кога било Илинденското востание, има да направиш колут напред или нема петка.

Според статистиката секое десетто дете е дебело, а секое петнаесетто на добар пат да биде дебело. Според тие статистики децата малку се движат и наместо да имаат пет оброци, имаат два обилни. Значи, нездраво живеат од мали.

Се што децата би правеле, возење велосипед, ролери, пливање, трчање – претставува смртна опасност, бидејќи некој трча по него и го предупредува дека ќе падне, ќе се повреди, ќе се испоти, дека ветрот ќе го однесе, дека ќе се извалка, ќе се удри – “Те родив здрав и прав, сакаш главата да ја изгубиш!” Се на се, физичката активност може да му дојде на глава. Но, кога детето ќе седне пред компјутер, сите се среќни, не мораат да трчаат по детето, ни ветар има, ни дожд ни сонце, ни дрво на кое помислило да се качи, само му носат чинии, со она што сака да јаде – грицки, сендвичи, сува храна. Ако би можеле да го стават во вазна како украсно цвеќе, би било супер!

 

Е сега мојата приказна.

Кога гледам фотографии од своето детство, на нив доминираат колена и глава, останатото не се гледа, од толку што сум била слаба. Детството го помнам по тоа што ме бркаа низ дворот за да ми стават во уста лажица со рибино масло и ми нудеа јаготки, лубеница и јогурт, на кои бев алергична. По совет на лекарот, требало да ме клукаат како мисирка се додека мојот организам не престане да се буни. Последица – не можам да видам со очи кавијар, се ми смрди на рибино масло, јаготки и лубеница сакам само да помирисам, а со јогуртот сум рамнодушна – може, ама и не мора. Во некој период, околу пубертетот, ја засакав храната и сите околу мене беа пресреќни.

Периодот кога најмногу водев сметка за храната беше бременоста. Одма ме преплашија да водам сметка, ако сакам лесно да се породам, или ако не сакам да родам “нешто дебело”.  По игра на случајноста, не ја доев својата ќерка и таа од раѓање беше под буден надзор од педијатар, кога е исхраната во прашање.

Мојата ќерка повеќе не е дете, возрасна е и не јаде чоколада, колачи, паштети, сувомеснато, редовно трча и тренира. Пржено не смеам да и понудам, леб и месам и секојдневно и готвам нешто посебно, но не ми плаче кога треба да излезе, а нешто не и стои, што неминовно доаѓа кај децата кои ги клукаат.

Ако сте од оние кои мислат дека најважно е детето да биде сито и не го учите дека е важно да биде физички активно, правите огромна грешка, бидејќи навиките се стекнуваат во детството.

 

На крај, што да ви кажам, силата не влегува преку уста, преку устата влегува здравјето, а силата се стекнува со физичка активност. Детето треба да се насочува правилно, а не да се тови со море погрешни совети од кои ќе биде дебело, неподвижно и истрауматизирано.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
6
Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?