|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Учење на буквите преку игра. Забавниот пат до писменоста

Редакција Рингераја, 24.6.2025
Пред да научат да читаат и пишуваат, децата најпрво треба да ги запознаат буквите: нивната форма, звук и име. Но наместо со класично седење и повторување, што за помали деца е потешко, постои далеку поефикасен и позабавен пристап: учење преку игра.

image
Дете
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Буква по буква – играјќи до знаење

Играта не е само забава, таа е природен јазик на детето. Кога учењето на буквите се случува низ смеа, движење и истражување, знаењето се вградува подлабоко и останува подолго.

 

Зошто играта е најдобар учител за буквите?

-        Ангажира повеќе сетила – вид, слух, допир и движење

-        Го задржува вниманието – детето учи, а не забележува дека учи, бидејќи тоа е претворено во забава

-        Го поттикнува развојот на моториката

-        Го гради позитивниот став кон учењето уште од најрана возраст

 

Креативни начини за учење на буквите преку игра

1. Букви од пластелин или песок

Формирајте букви со пластелин, тесто или цртежи во песок. Ова помага во визуелното и кинестетичко препознавање.

2. Ловете ја буквата

Направете игра со картички: наредете букви на подот и дајте им задача: „Скокни на буквата А!“ или „Пронајди ја буквата со која почнува твоето име“.

3. Пеење и рими

Буквите имаат ритам. Пејте песнички за азбуката или измислете кратки рими за секоја буква. Звукот и римата водат до запомнување на буквите.

4. Богатство од букви низ приказните

Читајте книги што ги истакнуваат буквите. Детето може да бара одредена буква на секоја страница. На пример: „Го гледаш ли буквата М тука?“

5. Сортирање и спојување

Со магнетни букви, пена, стикери или картички играјте „Спој ја буквата со предмет“: „С е за слика“, „К е за кола“ итн.

 

Што може да направи родителот?

  • Издвојувајте 10–15 минути дневно за играта со букви, кратко, но доследно.
  • Поврзувајте ги буквите со секојдневни моменти: „Ова е буквата П како пица!“
  • Пофалете го секој обид, не само точниот одговор бидејќи така се гради самодоверба.
  • Бидете трпеливи, не сите деца го усвојуваат темпото на учење исто. Играта ќе ги води, со ваше охрабрување.

 

Писменостa започнува со љубов кон буквите

Научете го вашето дете дека буквите не се само „нешто што мора да се учи“, туку пријателчиња што му отвараат врата кон приказни, игри, зборови и светови. Кога ќе ги запознае преку игра, ќе ги сака засекогаш.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детско седиште е задолжително
Со моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број кој е означен во сообраќајната дозвола, ...
5
Брак и неверство
Најчести мотиви за да дојде до изневерување се љубопитноста, суетата, потребата за докажување...
4
Моето дете има вошки
Кога ќе се споменат вошки сите превртуваме со очите. Многу лесно се пренесуваат од глава на глава, па може да се случи д...
4
Вистинска случка: Злоупотреба на фотографија!
Вистинска случка од Македонија: Злоупотребена фотографија во порнографски контекст
4




Анкета

Кој ги чува вашите деца?
Jana9

Кој ги чува вашите деца кој неодат во градинка или пак во школо?

Мама (50%)

Тато (10%)

Баба (30%)

Дедо (0%)

Жена кој ја плаќаме (5%)

Некој друг (5%)


Број на сите гласови: 20

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!