|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Контрола на хормоните во текот на бременоста

Редакција Рингераја, 30.4.2026
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хормонални промени. Овие промени се неопходни за развојот на бебето, но можат да влијаат на расположението, енергијата и целокупното здравје.

image
Фото:Canva/Хормоните играат клучна улога во секоја фаза од бременоста. Нивното следење помага за здрав тек и навремена реакција.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Иако хормоните не можат да се контролираат во класична смисла на зборот, постојат начини да се одржи нивниот баланс и да се намалат непријатните симптоми.

 

Кои хормони играат клучна улога?

Во текот на бременоста, неколку хормони се особено важни:

  • Прогестеронот ја одржува бременоста и влијае на опуштање на мускулите.
  • Естрогенот го поддржува развојот на матката и плацентата.
  • Хуман хорионски гонадотропин (hCG) го сигнализира почетокот на бременоста.
  • Окситоцин кој е важен за породување и поврзување со бебето.

 

Како да го поддржите хормоналниот баланс?

1. Балансирана исхрана

Храната директно влијае на хормоните.

Затоа внесувајте протеини, здрави масти и цели зрна, внесувајте овошје и зеленчук богати со витамини. Јадете редовно да имате стабилна енергија

 

2. Доволно сон

Недостатокот на сон може да го наруши хормоналниот баланс.

Обидете се да соиздадете рутина за спиење и да спиете 7 до 9 часа. Исто така одмарајте се кога чувствувате замор.

 

3. Намалување на стресот

Стресот влијае на хормоните и може да го зголеми нивото на кортизол.

За да си помогнете со регулирање на стресот практикувајте длабоко дишење, лесни прошетки, релаксација и време за себе.

 

4. Лесна физичка активност

Движењето го подобрува расположението и циркулацијата.

Практикувајте пренатална јога, пешачење и лесни вежби, но по препорака од лекар.

 

5. Редовни лекарски контроли

Следењето на бременоста помага навреме да се откријат евентуални хормонални нарушувања.

 

Кога да се консултирате со лекар?

Побарајте совет ако имате:

  • изразени промени во расположението,
  • силен замор,
  • проблеми со тироидната жлезда,
  • необични симптоми што ве загрижуваат.

 

Хормоналните промени во бременоста се природни и неопходни, но со здрав начин на живот и редовна грижа за себе, можете значително да го олесните нивното влијание.

Наместо да се обидувате да ги контролирате хормоните, фокусирајте се на баланс и одмор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Алергија на вода
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергично на нешто што му е основа за живот.
4
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задржување течности или зголемување на масно ткиво?
4
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и страв што може да се јави во текот на бременоста.
4
Гестациски дијабетес
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта се зголемува за време на бременоста, кај жена која ...
4




Анкета

Малолетни мајки
kikicka

Што мислите за малолетните мајки? Дали секој може да биде мајка!

Дете,дете раѓа (15%)

И тие можат да бидат добри мајки (21%)

Нивната незрелост може да биде најголем проблем (51%)

Не е во ред ,спрема детето (12%)


Број на сите гласови: 104

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!