Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ги донесов овде за да се научат да се снајдуваат сами.
Ве молам не ја кревајте мојата ќерка по скалите на лизгалката, посебно затоа што и реков дека нема да и помагам и да се обиде да го направи тоа сама.
Не се овде за да научат да останат на првата скала, туку да научат да се качуваат сами. Ако во тоа не успеат сами, ќе доживеат разочарување. Дури и повеќе, ќе бидат уште повеќе мотивирани да ја постигнат таа цел.
Не е моја работа, а сигурно не е ни ваша, да ги спречите моите деца да почувствуваат фрустрираност, страв и непријатност. Кога тоа би го правела, би им ја одзела приликата да научат дека тие чувства не се пропаст на светот, туку дека можат да бидат надминати и искористени во нивна полза.
Ако се заглават, не е моја работа веднаш да ги спасувам. Така би им ја одзела можноста да научат како да се смират, да ја проценат ситуацијата и да се обидат да се ослободат сами.
Не е моја работа да ги чувам од паѓање. На тој начин ќе им оневозможам да сфатат дека ако не се внимава се паѓа, но повторно треба да се стане, колку и да боли.
Не сакам моите ќерки да научат дека не можат да ги надминат препреките без помош. Не сакам да научат дека големите работи можат да се постигнат и со напор. Не сакам на научат дека имаат право на награда и заслуга без труд.
Сакам моите ќерки да го запознаат восхитот кога стравот ќе биде надминат и кога успехот ќе се оствари низ напор.
Сакам да веруваат во сопствените можности, да бидат самоуверени и одлучни во своите напори.
Сакам да ги прифатат своите ограничувања, додека не откријат дека можат да ги пребродат со сопствена сила.
Сакам да бидат способни да донесуваат сопствени одлуки, да развиваат сопствени вештини, да преземаат сопствени ризици и да излезат на крај со своите чувства.
Затоа, ќе ви бидам благодарна ако се повлечете и ме оставите да ја работам својата работа, која во главно се состои во одолевање на истите нагони кои вас ве тераат да помогнете, гризење за јазик секој пат кога сакам да викнам “Внимавајте!”и свесност за тешката одлука да се повлечам, наместо да притрчам во помош.
Во текот на нивното растење, пречките ќе стануваат се повисоки, пострашни и потешки за искачување. Не знам за вас, но јас сакам да им помогнам таа вештина да ја стекнат сега, кога грешката значи само одрано колено кое може да се излечи со бакнеж.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...
Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родит...
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...