|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Секогаш насмеани, со позитивна енергија, со некој посебен шарм, даден од Бога, Мартин и Стефан од Next Time, заедно со мама Сузе ни зборуваат за нивниот успеси и за значењето на семејството во секој период на животот.

image
/11


Разговорот го започнавме со мама Сузана :

 

РР: Дали знаевте дека носите близнаци и каква беше реакцијата кога ви кажаа?

 

Сузана: Честопати ми го поставувале ова прашање моите блиски пријатели, веројатно затоа што е невообичаено, симпатично, а сепак прекрасно да се има две бебиња во исто време! Навистина јас до седмиот месец, не знаев дека ќе родам близнаци. Кога ја разбрав веста од докторот дека ќе имаме уште две дечиња  и тоа во исто време, бев пресреќна. Зарем  има некој кој би се чувствувал поинаку? Инаку  Мартин и Стефан имаат уште еден постар брат Филип.

 

РР: Дали некој во вашата фамилија или во фамилијата на сопругот имаше близнаци?

 

Сузана: Па, да близнаци имавме и од едната и од другата страна на семејствата.

 

РР: Како се чувствуваше во бременоста, дали постоеше голема разлика помеѓу првата бременост со синот и втората со Мартин и Стефан? Дали јадевте за тројца J? Дали се поправивте многу?

 

Сузана: Како и секоја трудница, првата бременост се памети по тоа  што е прва и затоа што се поминува со многу повеќе страв и  трепет , за тоа дека треба да се внимава на се, меѓутоа веќе во  втората, па и третата се е поедноставно. Можеби затоа обично мајките јадат многу повеќе од потребното, добиваат непотребни килограми итн. Со првиот син Филип се поправив навистина многу повеќе од килограмите што ги добив со Мартин и Стефан.

 

РР: Дали се плашевте како ќе биде со две деца одеднаш и едно поголемо на кое исто така му треба внимание?

 

Сузана: Не воопшто, јас по природа не сум плашлива личност, а особено не се плашев за тоа дека ќе треба да одгледувам три мали дечиња (на скоро иста возраст). Љубовта кон децата и радоста што ја носат тие е нешто што останува и што ти дава сила за се во животот.

 

РР: Гледајќи ги Мартин и Стефан колку се културни, пријатни, мили се гледа дека во нив е вложено многу труд, љубов, енергија. Ме интересира кој беше вашиот метод на воспитување?

 

Сузана: Многу Ви благодарам за прекрасните зборови! Ова е нешто што секој родител сака да го слушне, а особено ако е тоа навистина  така. Слободно можам да кажам дека сум Горда на моите три синови. Методи и политики нема, веројатно постои нешто што останува како наследство од родителите. Како и да е постои една голема работа која што ниту еден родител не смее да ја заборави, а тоа е дека  со децата мора да бидеш секогаш пријател, тие мора да сфатат дека ги почитуваш и ги разбираш.

 

РР: Колку тато помагаше во обврските околу децата, какви бебиња беа Мартин и Стефан и дали спиеја заедно или одвоено? Дали се сеќавате на првото запче, првиот збор, првиот чекор? Дали работите кај двајцата се одвиваа истовремено, заедно прозбореа, проодеа....?

 

Сузана: Најголемата помош ја добивав од моите родители, на кои јас денес јавно им изразувам  голема благодарност, можеби затоа што родителите на сопругот беа малку подалеку... меѓутоа  постоеја и јасли, градинки и забавишта. Мартин и Стефан беа многу мирни бебиња. Незнам, понекогаш се прашувам дали заборавив на сите  потешкотии во животот  врзани за нивниот развој или пак преголемата мајчинска љубов што ја имам кон моите деца ме направи силна и јака, одлично да ги решавам сите работи? Се сеќавам на сите убави работи и за се што е врзано за сите три деца. Особено интересно, а  што е врзано за Мартин и Стефан е нивното проодување. Можеби е чудно но тие проодеа на 11 месеци во ист ден и во ист момент. Тоа никако нема да го заборавам кога ги подадоа рачињата еден кон друг и зачекорија....

 

РР: Дали во текот на денот успевавте да си посветите време само на себе?

 

Сузана: За тоа дали наоѓав време за себе, со задоволство можам да кажам дека никогаш не се запоставив. За се има време само ако се сака.

 

РР: Колку се промени вашиот живот, а и на целото семејство со раѓањето на Стефан и Мартин?

 

Сузана: Па да , многу се промени добивме голема радост во семејството !

 

РР: Постоеја ли работи кои Мартин и Стефан ги правеа, а за вас беа необични, нивен начин на комуникација, таен јазик...?

 

Сузана: Ова е многу симпатично прашање! И ден денес неможам да се начудам како тоа тие двајца се разбираат и се надополнуваат, а во ниеден момент не изразуваат исти желби и потреби. Во еден момент едниот сака работи што пред некое време ги сакал другиот и слично.

 

РР: Успехот на Мартин и Стефан е и ваш успех, сметате ли дека однесувањето на децата зависи од тоа колку родителот му посветил внимание и љубов?

 

Сузана: Повторно Ви благодарам ако така мислите, меѓутоа има нешто од Бога што е дадено и што никој не може да го предвиди  колку и да се труди. Мојата љубов, како и љубовта на секој родител кон своето дете е голема, сепак мислам дека има нешто што треба и требало да се случи.

 

РР: Колку според вас се разликува семејството и воспитувањето сега и пред 20 години?

 

Сузана: Незнам, мислам дека нема некоја голема разлика во начинот и методот на воспитувањето. Поинакви се само околностите во кои што растат и се развиваат децата. Како и да е нашите родители не воспитувале во поинакви услови од овие во кои што ние ги воспитуваме нашите деца. Сега е се поинаку, па и самите ние сме поинакви и со поинакви услови на егзистирање. Темпото на живот  е позабрзано но и посовремено. Тоа не значи дека сепак децата и родителите треба да се оддалечуваат, напротив уште повеќе е потребан љубовта и поддршката од семејството. Во едно здраво семејство сите работи се поедноставни!

 

РР: Не интересира како ви се допаѓа www.ringeraja.mk и на кој начин вие доаѓавте до информации за бременоста, родителството, одгледувањето на децата...?

 

Сузана: Странава Ви е навистина одлична!!! Јас сега за прв пат се вклучив на порталот за да Ве запознам и можам да кажам дека младите мајки имаат среќа што постојат многу начини да бидат информирани особено преку вашето богатство на информации. Во времето кога јас ги чував моите деца за жал немаше интернет портали - најбрз начин на едукација. Ви посакувам многу успех и да останете постојани во ова што сега го работите. Честитки!

Разговорот го продолживме со Мартин и Стефан:

РР: Колку за вас е важно семејството и мислењето на родителите?

Next Time: За нас семејството и родителите се најсветото и најдрагоценото нешто што го имаме. Тое е нешто што премногу ни значи, затоа што е најискреното што го добиваме и даваме. Нивното мислење отсекогаш било и ќе биде од големо значење.

РР: Од како се појавивте станавте миленици и на младите, а и на постарите. Скромни, мили, воспитани. Сепак,и покрај кариерата што почнавте да ја градите во музиката,вие паралелно посветени сте и на учењето и школувањето. На кои факултети студирате и кои се вашите планови за понатака,мислам на усовршувањето на она што го учите?

Next Time: Најнапред благодариме на убавите зборови – тие ни значат многу. Стефан е студент на Филолошкиот факултет на Италијански јазик и книжевност и мора да признаеме дека не оди баш лесно, бидејќи овој период се посветивме максимално на музиката. Меѓутоа, желбата за изучување на овој јазик кај Стефан е преголема што всушност придонесува и за негово најскоро завршување т.е. дипломирање. Јас (Мартин) сум студент на Американскиот колеџ, менаџмент и можам да кажам дека и јас правам напори паралелно со другите обврски, оваа значајна обврска да ја завршам на време.

РР: Со што најмногу сакавте да си играте како помали,дали знаевте да си заиграте сами, или често имаше и конфликти меѓу вас двајцата?

Next Time: Како близнаци нормално е дека поминуваме подолго време заедно. Нашето детство се одвиваше така што растевме заедно, игравме заедно, секаде бевме заедно, игравме фудбал, се случуваше едниот ако не оди на тренинг и другиот да не отиде, па тука можеби настануваа мали конфликти затоа што многу работи се случуваа инертно и автоматски, можеби сето тоа произлегува од нашата поврзаност и неадаптираност на самостојно делување. 

РР: Колку бевте поврзани помали, и дали нешто се има променето во вашиот однос сега како постари, поозбилни?

Next Time: Како што веќе и кажавме бевме многу поврзани. Секогаш едниот знаеше да ја украде мислата на другиот што во истиот момент сакал да ја каже. Додека бевме помали потешко функциониравме еден без друг, но сега е малку поинаку, сепак годините, зрелоста и карактерите си го прават своето, иако мораме да признаеме дека не се разликуваме многу.

РР: Која беше вашата омилена песничка како деца?

Next Time: Како деца кои имаа 4 години омилена песна ни беше “Ника, Ника, убава Марика” дури и на свадба (се сеќаваме) ја пеевме во една прилика. Како растевме ни се допаѓаа повеќе песни, а посебно можеме да ја издвоиме од Селин Дион “My heart will go on”. Меѓутоа сега, веќе го свириме она што го сакаме...

РР: Што е она што најмногу ви недостига од времето кога бевте деца?

Next Time: Премногу ни недостига времето кое го поминувавме со нашите другари, кога излегувавме надвор уште во 9 часот наутро да играме фудбал, или пак да се шетаме низ маало, да копаме дупки за џамлии. Многу цртавме и на обични маици броеви, правејќи дресови. И со еден збор навистина ни недостига тој период. Тоа е како некој убав филм кој веќе еднаш сте го гледале, па посакувате и имате голема желба да го ѕирнете барем уште еднаш, па макар и на кратко.

РР: Дали вашата сличност ја користевте да си ги поделите обврските на училиште,едниот да учи еден предмет,другиот друг предмет?

Next Time: Да, имаше и такви случки, знаевме да го искористиме моментот тоа што сме близнаци и да учиме пола, пола, па дури знаевме некогаш и да направиме збунка, едниот да одговара за другиот J.

РР: Дали некогаш ви се случи наставниците, професорите да го повикаат Стефан да одговара, а да стане Мартин доколку е подготвен за тој материјал?)

Next Time: Да, но мислам дека беше обратно, Стефан стана за Мартин J, но најважно е дека се снајдовме, па се се заврши како што треба. 

РР: Дали како близнаци имавте, имате некоја посебна комуникација, колку е развиено она шесто сетило што викаат дека постои кај близнаците, и дали често пати размислувате за исти работи, во исто време?

Next Time: Да, веќе споменавме дека постои голема поврзаност меѓу нас, но не во стилот Стефан го боли рака, па и Мартин ја чувствува болката. Нашата поврзаност е најчесто во смисла на нашите размислувања.

РР: Дали се сеќавате на првата симпатија, првата љубов, првиот бакнеж?

Стефан: Се сеќавам и на првата љубов, се сеќавам и на првиот бакнеж и се сеќавам дека кога ми се случи тоа си помислив, аууууууу знам да се бакнувам, добар сум J.

Мартин: И јас се сеќавам на првата љубов, дури и на првиот бакнеж. После тоа си реков, сега парче ќе правам.

РР: Дали ви се случило девојките да ве помешаат?

Next Time: Па и не сме до толку исти, за да не помешаат. Досега се нема случено, но ако некогаш, некоја девојка се збуни (иако не веруваме во тоа), секако би го разрешиле недоразбирањето. Сепак ние сме браќа, се почитуваме, имаме различни вкусови, па и не е убаво да си ги крадеме женските, пред се таквиот однос не е човечки. 

РР: Што е најново на професионален план?

Next Time: За тоа се грижи нашата продукциска куќа Јованов рекордс, така да кога има нешто ново и интересно за сите ќе дознаете. Сега периодов малку побаравме одмор, по целата таа евровизиска еуфорија.

РР: Ја погледнавте www.ringeraja.mk  па ме интересира вашето мислење. Иако животот е пред вас и рано е да размислувате за сопствено семејство, дали ваква страна е потребна на родителите во Македонија?

Next Time: Големо браво за превземениот чекор да се направи ваква страна – се надеваме и веруваме дека на многумина вашата страна ќе им биде добредојдена . Ве поддржуваме и се најубаво!!!  

И сега, на крај после овие убави зборови на Мартин и Стефан, и мама Сузана ни останува само да кажеме дека сигурно ќе продолжиме напред, ќе останеме тука каде што сме и ќе го дочекаме денот кога повторно ќе бидеме гости на ова прекрасно семејство само кога ќе бидат во поголем број. Се надеваме со близнаци од двајцата браќа!!!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тест: Каков родител сте?
Според истражувањата на психолозите, постојат три типови на родители: попустливи, рестриктивни и урамнотежени. На кој ти...
4
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
3
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
3
Како да се справите со љубопитноста на дец...
Мамо, зошто ...?, Бабо, а како ...? Децата поставуваат какви ли не прашања кои често ги оставаат родителите без зборови....
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?