Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Што велите оваа година Новогодишната декорација да биде рачно изработена, а не од кинеско производство? И поточно – рачно изработена од рацете на Вашите вредни новогодишни џуџиња.
Рачната работа не само што ги забавува децата, но ја развива нивната фантазија и вештина, им ги подобрува естетските чувства за бои и форми, ја подобрува нивната концентрација, логичкото размислување и фината моторика. Децата се учат да работат со игла и конец, лепило, ножици, да врзуваат јазли, да везат и плетат, да прават колаж, да работат со пластелин итн. Во зависност од возраста на детето може да измислите различни активности, кои може да бидат интересни за него. Ви подготвивме неколку идеи и начини како да се забавувате со своите деца, правејќи новогодишна декорација.
Елка од списание – лесно и ефектно
Држете го горниот десен агол на насловната страна и допрете го до левата страна на списанието, превиткувајќи ги листовите по дијагонала. Преклопете ја на ист начин секоја страница од списанието. Резултатот е интересна и шарена елка која можете да ја украсите со една хартиена ѕвезда на врвот.
Весел снешко
Материјалите и варијантите за изработка се многубројни. Една од нив е топчиња од стиропор, залепени една за друга, неколку копчиња, топуски и мали гранчиња за раце. Сето тоа може да го состави Вашето вредно детенце. Од Вас се бара само помош за плетење на капа и шалче за веселиот Снешко.
Друг интересен украс е картонска, конусна капа која е прекриена со парче ткаенина, или елка направенма на истиот начин како и капата. Оваа декорација може да ја развиори фантазијата на Вашето дете, лепејќи различни материјали: волница, ткаенина, тантела, листори од самолеплива колор хартија. Потоа е време за украсување на елката со панделки, копчиња, топчиња од волница, памук, исечени фигури од хартија итн.
Венец од природни материјали
За основа на венецот може да користите гранчиња од елка, стапчиња намотани со волница, или стапчиња намотани со весници и конец. Украсите на венецот најлесно ќе ги залепите со силикон. Можете да користите исушени парчиња лимон и портокал, суви листови ицветови, макарони, сушени плодови од шипка, лушпа од ореви и кикиритки, стапчиња цимет, шумски мов, кора од дрво, лешници и се' што Ви се наоѓа по дома, а може да служи како украс. Може да направите венец и од клопчиња волница. Земете клопчиња од волница во различни големини и во различни бои и соединете ги едно за друго со дебела игла и волница, како ѓердан. Украсете ги со панделки, снегулки од памук, хартија и друго.
Играчки од ткаенина
Речиси да не е потребна никаква вештина за шиење, за да ги направите овие играчки. Исечете на пример две срца, ѕвезди или други фигури од подебела ткаенина, сошијте ги и наполнете ги со малку памук. Украсете со панделки, копчиња и др.
Лампиони
Користете топчиња од стиропор, стари топчиња од децата или топчиња за тенис. Можете да ги обложите со новогодишни сафлетки, лисја од тетратка за ноти, или потенка украсна хартија, а може и со ткаенина. Ако имате перфоратор во форма на цвет, исечете цвеќенца од обоена хартија и забодете ги со топуска на топчето. Можете да го премачкате топчето со лепило и на него да залепите мониста или ситни украси.
И уште:
Новогодишни играчки од стари крушки
Елка од пластелин
Новогодишни картички
Колачи како новогодишни играчки
Играчки направени од хартија
И се разбира, убаво спакувани новогодишни подароци
Среќни празници!
забава Бремените
Автор: bobik
Играта на именување е една од наједноставните, но и најмоќни алатки шт...
Бањањето не мора да биде борба
Времето за бањање понекогаш може да биде предизвик и за родителите и з...
Промени во расположение во бременоста
Од насмевка до солзи за само неколку минути. Зошто бременоста го менув...
Дечиња, дали знаете дека кога јадеме, џвакањето е како мала магија што...
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува о...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?