Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Повеќето деца не ја губат свеста заради тешки болести на мозокот и срцето, туку се работи за еден релативно безопасен феномен, кој сакаме да Ви го приближиме. Тоа е оној момент кога детето ќе “колабира” – прво му се лоши и му е тешко, му се врти во главата, а потоа паѓа. Колапсот е малку застарен термин, но и понатаму е во употреба, дури и меѓу лекарите. Правилен, медицински назив за овој вид паѓање во несвест е синкопа.
Зошто детето паѓа во несвест?
Скоро на секој од нас, кога нагло ќе станеме од кревет, ни се зацрнило пред очите и лесната вртоглавица не' вратила во хоризонтала. Ако се сетиме на детството, ќе ни се врати некоја ситуација кога ни било лошо: во задушливиот автобус, по земање крв, при долготрајно стоење во ред.
Сепак, најголем број од децата не ја губат свеста и се сеќаваат, до детаљ, што се случувало. Ако детето ја изгуби свеста, по правило нема да се сеќава на падот, а во сеќавањето секогаш има празен простор (амнезија)за самото паѓање. Во медицинскиот свет тоа се нарекува криза на свеста.
Што е тоа синкопа, или колапс?
Синкопа настанува кога на детето не му стигнува доволно крв во мозокот. Постојат неколку видови на синкопа, но овде ќе зборуваме за колапс кој се случува кога на детето ќе му падне крвниот (артерискиот) притисок. Кога мозокот нема доволно крв и до него не стигнува доволно кислород и хранливи материи (пред се' шеќер), мозокот едноставно не може да работи како што треба. Тогаш мозокот наредува детето да падне. Кога детето ќе дојде во хоризонтала, крвта се враќа во главата, мозокот добива доволно крв и свеста брзо се враќа, а детето е прибрано, ја препознава околината и лесно си доаѓа на себеси.
Зошто мозокот не добива доволно крв кај децата со синкопа?
Родителите треба да знаат дека не се работи за болест, туку за конституционална карактеристика. Се работи за наследна склоност за паѓање на артерискиот притисок во одредени ситуации. Секогаш ќе се најде некој во семејството (обично мајката) кој има низок притисок, па и организмот на детето работи под низок артериски притисок. Кога таквите деца ќе се најдат во ситуации во кои притисокот ќе им падне уште малку – лесно ја губат свеста. Децата кои паѓаат во несвест се обично послаби и поемотивни деца.
На која возраст настанува синкопа?
Типичната криза на свеста – синкопа се јавува кај децата од училишна возраст, почесто кај девојчиња, отколку кај момчиња. Синкопата може да се јави и кај мали, претшколски деца, но тогаш е задолжителен преглед кај невролог кој ќе ги исклучи другите невролошки болести кои можат да доведат до губење на свеста.
Кои се околностите во кое детето паѓа?
Важно е да се знаат ситуациите кои го поттикнуваат настанувањето на синкопа. Тоа ќе помогне да се препознае природата на проблемот, но и да се избегнуваат таквите ситуации во иднина. Ги има многу, а овде ќе ги наведеме само најважните:
Извор: МојПедијатар
Продолжува
8
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Денес ќе зборуваме за моментите кога мислиме дека сме “паднале”.Тоа се...
Малите моменти во големиот процес на развој
Бебињата растат и се менуваат неверојатно брзо. Секој ден носи нешто н...
Почеток на денот со сила, а не со мачнина
Првиот триместар е период на огромни промени. Телото започнува да созд...
Научи да се сакаш себеси, но вистински
Една од најтешките, а најважни работи е да научиме да се сакаме себеси...
5 едноставни рецепти со ѓумбир за трудници
Во текот на бременоста телото на жената минува низ навистина големи пр...