|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нарушеност на вниманието и хиперактивност

Мр. Ана Чучкова, 9.12.2010
Сигурно многу често сте го слушале изразот “Колку е хиперактивно ова дете, не може на едно место да издржи 5 минути” и “Немирно дете”. Дали навистина овде се завршува ?

image
/11


 

 

Треба ли да се помириме дека овие деца се хиперактивни, таков е нивниот карактер и да се прилагодиме на нив? Во  МКБ – 10  постојат растројства дефинирани како растројства на активноста и вниманието – со скратеници АДХД. Јас нема да зборувам за медикаменти и лекување на овие деца со истите, туку ќе се обидам од поблиску да ви претставам какво дете е всушност детето со нарушено внимание и хиперактивност. 

Навистина е убаво кога имаме околу нас развеселени и разиграни деца. Но дали таа развеселеност е еднаква со хиперактивноста?! Точно тоа  сакам да објаснам , да објаснам за децата што  имаат нарушено внимани и се хиперактивни.  Што всушност се случува во главчето на овие деца? Имаме дете на кое му зборуваме и додека му зборувате забележувате дека тоа шета наоколу со погледот. Му го свртувате неговото внимание - ” Ме слушна ли што ти кажав, млад човеку?” Тоа ќе се сврти и ќе Ви повтори се што сте зборувале од збор до збор. Сепак обрнувало внимание. Но она што неможе да го каже е она  што и  самиот не го знае, а тоа е дека имало голема потешкотија, да Ве следи, визуелно и слуховно. Што значи дека морало да избере едно  од двете во случајот слуховно бидејки премногу е збунубачко за него да ве следи комплетно.  Спротивно на тоа  имате дете кое постојано гледа во вас , но не слуша нити разбира еден збор што му зборувате. Зошто? Од истата причина погоре само што овој пат го избрал визуелното бидејки тоа сте го побарале од него. И по автоматизам реагира на команда. Ги казнуваме секако. Тоа е изразување на непочит но знајте дека тие неможат да се бранат и да ви речат:   – слушај мамо/тато имам тешкотија да го координирам визуелниот и слушниот влез !  - наместо тоа децата едноставно го примаат ударот, казната.

За жал ваквото третирање и практикување на казни не се случува само со родителите туку се применува и од страна на наставниците,  педагозите,  професорите и слично, за на крајот сето тоа да повлијае на нивната самодоверба. Децата во ваков случај биваат казнети за нешто што не знаат дека го имаат, нити можат да го контролират. За да можеме да му помогнеме на едно дете мораме прво да ги имаме следните информации. Да разговараме со родителот, со наставникот и со детето. Овие информации се собираат прво од родителот, од учителот и од детето. Доколку ги исполнува сите симтоми  а тоа се: Да продолжува повеќе од 6 месеци,  овие симтоми треба да се појават не покасно од седум годишна возраст.  Значи АДХД се дијагностицира од 5 до 7 годишна возраст.

Невнимание:  не внимава кога му зборуваме, не успева да ги доврши работите, многу тешко се организира, избегнува работи што бараат подолготраен труд, ги губи своите работи и често заборава, многу лесно се расејува.

Импулсивност:  брза да одговори, не може да го исчека својот ред, ги прекинува другите.

Хиперактивност: постојано мавта со рацете и нозете, станува од местото во училиште, не може да си игра тивко, многу зборува.

Кога  ќе ги собереме сите овие информации од околината на детето и од самото дете тогаш мораме да знаеме дека со ова дете треба да делуваме многу повнимателно.  Какви се овие деца всушност? Децата со АДХД всушност се многу интелигентни деца.  Но поради нивната хиперактивност тие не успеваат на тестовите да дадат добри резултати. Ако на едно вакво дете му оставиме повеќе време од вообичаеното и не го условуваме со време , тоа ќе го реши тестот  многу успешно. Неговиот резултат ќе биде дури и повеќе од одличен. Овие деца  имаат развиена креативност. Игрите во кои треба да вклучат креативност - цртањето, редењето коцки  за нив е одлична релаксација. Преку вакви креативни игри детето може целосно да се изрази. Ќе се зачудите кога ќе видете едно вакво дете што може да направи од коцки. Обично овие деца ги нарекуваат и фантазери. Својата фантазија целосно ја покажуваат во нивната игра со коцки, можат да направат цел еден мини свет од коцки. Доколку не се обрне внимание на вакво дете проблемите во неговите подоцнежни години  стануваат многу  поголеми. Како дете се приближува кон адолесцентноста, кај него ќе наидеме на се поголема непостојаност во оценките и успехот. Тоа дете нема потешкотии во домашните задачи  туку води цели битки. Обично кај ова појавување е така затоа што биле зависни од родителите да им ги завршуваат работите и не биле оставени самите независно да ги завршуваат до крај. Во подоцнежната адолесценција согледуваме почести сообраќајни казни, зошто? Бидејки овие луѓе имаат потреба од себе пронаоѓање во лакот на тензија , а до него стигнуваат преку хранење со адреналин во случај на здодевни ситуации. Како на пример: возење на долг прав пат. Состојбата која никнува е наречена гас -педала, односно газејќи ја гас педалата и забрзувајки со возилото тие се наоѓаат на нивото на тензија кое им е потребно . Возењето тогаш за нив станува не повеќе од видео игра. Може да се случи подоцна и да имаат и ситни несреќи поради насочувањето на концентрација на се околу нив освен на она што го прават, во случајот возење. Симптомот кој се појавува во покасната адолесценција е:  не продолжувањто на факултет или делумно завршување на истиот, не извршување и извршување на нештата, како и лажењето или полувистинитоста.  Поради појавата на адхд тие го користат лажењето како алат за некоја состојба на извлекување. Тоа е разумна тактика  во ваков случај на самоодржува на адхд. Ова не се лоши луѓе а сигурно не се нити генетички програмирани да лажат. Замислете едно дете кое родителот не знае дека му треба посебно внимание и добива казни за секој негов неуспех, за секое негово заборавање, незавршена домашна задача. Ако ова се случува константно во неговиот дом, на училиште и со другарчињата ова дете станува многу несигурно во себе. Тоа веќе знае дека ако проба нешто нема да е добро, нема да го доврши. Ова дете како што расне станува човек кој што има многу ниска самодоверба. Возрасен човек со АДХД  постојано се дотерува, се гледа во огледало да се увери во својот изглед. На секое поле во животот тој претрпува разочарувања. Затоа изградил механизам кој го заштитува од критики. Обично овие луѓе зборуваат брзо, и изгледаат многу самоуверено. Но во нивниот живот постои еден огромен хаос што незнаат да го средат. Имаат многу започнати работи оставени незавршени.  Сакаат  да ги средат работите но не успеваат. Неколку мисли што  ги има кај адолецентите со АДХД: “Јас неможам да сметам на мене да го правам тоа од кое што имам потреба.”, “ Јас  се разочарувам себе си.”, “ Јас не успевам, и никогаш нема да успеам во тоа што го работам.”, “ Јас сум лош и дефектен човек”, “ Јас сум неспособен да ги разликувам важните работи во животот”, “ Мојот живот е секогаш хаотичен и збркан”

Затоa e многу полесно  кога ќе им се  објасни дека имаат проблем со вниманието и хиперактивноста и треба да побараат помош. Искуството покажува дека откако е дадена дијагнозата работите почнуваат да се подобруваат. Постојат многу техники и вежби што даваат одличен резултат. Кај децата со АДХД  родителот и учителот мораат да пронаоѓаат игри што ќе му дадат на детето одреден ритам.  На пример игри со  тактично удирање со рацете.  Да се учи да свири на одреден инструмент. Тактот на свирењето ќе му даде и такт на извршувањто на работите. Од спортови е добро да се избираат спортови со топка,  тенис, пинк понг и слично. За цртање се даваат боенки и завршени геометриски фигури. За поголемите деца многу успешен метод е  5 стапки- модел за самоструктурирање. СТОП Оваа стапка е тврда. Се запира дејствието за да си позборуваш со себе додека вашиот ум  е полн со емоции. Децата се учат да ја мерат напрегнатоста по скала од 1 до 10. Ако се увиди дека притисокот е 5 или повеќе од пет да започнат да го стопираат а не да чекаат да дојде до 10. Ако дојде до десет децата почнуваат да вриштат. Многу важно е да се научат да кажуваат стоп. Да почнат бавно да вдишуваат додека притисокот не се намали пониско од 5. Важно е да ја остават работата што ја работат за неколку минути да кажат стоп и откако ќе оценат дека притисокот е помалку од 5 да продолжат. За децата не е лесно да го научат ова. Тие имаат потреба од место каде што ќе бидат смирени, место каде што не го чувствуваат како казна. Многу е битно да сме смирени и упорни. Мораме да ги научеме овие деца да се оддалечат од работ на неуспехот  а не да скокаат во него  кога ќе се покачи нивната напрегнатост. Друго и многу битно што треба да ги научиме овие деца е да земаат свесно одлуки. Тие треба да знаат дека секогаш имаат избор. Нивниот избор е под нивна контрола. Како ќе го направам?  Ќе пробам да го направам кога ќе земам решение и ќе оценам од 0 до 10 колку добро сум го направил. Мали трикови за организирање на работите на детето. Заедно со детето  ги пишуваме овие трикчиња  на еден лист и го поставуваме на место каде што секој ден може да ги чита.

 -  Прво рутинската навика- да стануваш и да го измиеш лицето и забчињата

-   Да појадуваш, да ги прочиташ домашните задачи да ја подготвиш училишната ташна.

-   Направи си аларм во исто време кога почнува времето за игра на компјутер, кога за учење.

-   Секогаш давај си награда кога ќе ги завршеш сите обврски што си ги запишал.

Многу е важно задачите што ќе си ги постави детето да се едноставни и мали и да се за тој ден.  Наградата мора да е веднаш по завршувањето на задачата. Многу е битно родителот да го наградува детето веднаш по завршената работа. Не треба да му ветуваме некаква награда што ќе ја исполниме на пример за летниот распуст. Ова за детето не е мотивација. Значи наградата би била од типот. Кога ќе ја завршиш домашната задача ќе можеш да играш на компјутерот  цел саат. И слично.

Порака за родителите

-  Радувајте се со детето

- Секогаш гушкајте го  и допирајте го кога ќе играте или зборувате убави работи

- Доколку на детето му е објаснето дека има проблем со вниманието , дајте му до знаење дека тоа не е срамно не е лошо и не го казнувате заради тоа.

-  Однесувајте се кон детето како кон рамноправен партнер

-  Учете го на нови работи

-  Избегнувајте ги негативните пораки, ако има потреба од казна, казнувајте мудро и веднаш по направената грешка. Без закани.

- Научете се да бидете позитивни. Доколку му се објасни на родителот за проблемот на неговото дете , на учителот и на детето работите стануваат многу полесни. Лечењето е фокусирано кон

Детето  

– когнитивно  бихејвиорална терапија

- обука за социјални односи

-психолошка поткрепа и контрола

 

Родителот 

- обука на родителот, консултирање, психолошка поткрепа, родителски тренинг

 

Учители  

–изучување на методи што се однесууваат за поведение, и интервенција консултирање и модификација на училишната средина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
4
Долче&Габана нова детска колекција
Нешто неодоливо слатко ни доаѓа од Долче и Габана оваа сезона. Нивната детска колекција ќе ве освои
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?