|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Др. Комаровски: Како да пораснете здраво дете?

Редакција Рингераја, 18.4.2016
Ако детето два месеци трча гладно, валкано, босо – тоа му го чува здравјето цела година

image
/21


 

Докторот на медицински науки Јевгениј Олеговиќ Комаровски стана популарен кај многу родители. Тој меѓу првите доктори почна адекватно и приемчиво да им објаснува на мајките и татковците како да се зачува и зајакне здравјето на детето. Неговите препораки е личат на вообичаени совети на доктор и освен тоа се многу едноставни и разбирливи за родителите.

 

Најголема благодет за семејството е здравјето на мајката. Тато е должен сите до еден да ги растера и на мама да и даде да јаде, пие, да и овозможи да преспие и да прошета.

Би било најдобро децата да поаѓаат на училиште на 10 години, а да завршуваат на 11. Бидејќи е лошо што таму на детето не му е дозволено движење.

Некои болести не е лесно да се излечат. Но да се дијагностицира болест при современ степен на медицината е елементарно.

Децата и треба да бидат слаби за да можат полесно да трчаат.

Среќно дете е пред се здраво дете, а дури потоа дете кое умее да чита и свири виолина.

Никогаш и под ниедни услови детето не треба да го принудувате да јаде. Тоа е исто како да турате бензин во полн резервоар, а потоа колата да ја паркирате во гаража.

Добра градинка е онаа која бара да се носи дождовен мантил и чизми за децата да можат да излезат надвор на дождот.

Децата најчесто се разболуваат во понеделник. Тоа е затоа што во викенд одат кај бабите, а мерило за нејзината љубов, за жал, е количината на изедена храна.

Јакнење на имунитетот – тоа е насмевка, одмор, патување, убаво расположение, љубов, шетање, физичка активност.

Не губете време барајќи го она што “не е правилно” кај вашето дете.

Главниот закон гласи: количината на внесена храна е еквивалентна на количината на потрошена енергија.

Детето на никого и ништо не му е должно.

Бавчата е секогаш подобра од било кое море. Ако детето два месеци трча гладно, валкано, босо, тоа му го чува здравјето цела година.

Ајде правилно да се плашиме: не од болниците и докторите, туку од сопственото незнаење.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Примена на методот Монтесори во секојдневието
Популарната во целиот свет техника, на Марија Монтесори може да биде користена не само во училиштата и градинките, туку ...
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Детски седишта: МОРА или ТРЕБА?
Кога станува збор за детските седишта во автомобил, однесувањето и ставовите на различни родители, а оттука и на децата ...
4
Како да го научите детето да гледа на часо...
Времето е апстрактен и многу збунувачки поим за децата. Неразбирливо им е времето да не се гледа, а некако да се мери...
3




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?