|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Убоди и каснување од инсекти

Редакција Рингераја, 25.8.2011
Двата најголеми ризици од убоди и каснувања од инсекти се алергиски реакции и инфекција

image
/11


 

Што да направите:


Убод од пчела, оса и стршен:

Пчелата во местото на убод ќе остави вреќичка полна со отров. Обидете се да ја отстраните што е можно побрзо. Еден од начините на отстранување на отровната вреќичка е местото да го загребете со тап предмет, како што е кредитна картичка или тап нож.

Внимателно измијте го местото на убод со сапун и топла вода. Повторете ја оваа постапка два до три пати дневно, се додека кожата не заздрави.

Ставете ладни облоги, коцки мраз кои сте ги ставиле во кесичка, или ладно влажно марамче. Дајте му на детето парацетамол против болки.

За да го спречите чешањето и појавувањето на алергиска реакција, дајте му на детето антихистаминик, доколку тоа Ви го одобри педијатарот. Следете ги упатствата за препорачани милиграми во телесна тежина и старост. На местото на убодот можете да нанесете кортикостероидна маст или лосион.

Во случај да дојде до убод било каде на устата, тоа бара итна медицинска интервенција. Тоа е затоа што убодите во слузницата на устата можат да предизвикаат опасен оток кој може да ги затвори дишните патишта. Побарајте медицинска помош доколку забележите осип со широк спектар на кожата, оток на местото на убод, или ако отокот и билката на местото траат повеќе од 72 часа. Треба да побарате медицинска помош доколку забележите било кој од овие знаци, кои значат сериозна и опасна по живот, алергиска реакција:

  • отежнато дишење или потешкотии во дишењето
  • чувство на напнатост во грлото или градниот кош
  • отечени усни
  • вртоглавица или паѓање во несвест
  • мачнина или повраќање

 

Каснување од пајак

Повеќето пајаци кои живеат во нашето поднебје се безопасни, со исклучок на црната вдовица, а таа може да се најде во потоплите краеви:

  • Измијте го местото на каснување со вода и сапун
  • Повторете го тоа 2-3 пати дневно, се додека местото не зацели
  • Ставајте ладни облоги
  • Дајте му на детето парацетамол против болки
  • За да спречите развој на инфекција, намачкајте го местото каде детето е каснато со антибиотска маст и одржувајте ги неговите раце чисти
  • Доколку од било кои причини верувате дека Вашето дете е каснато од црна вдовица, ставете лед на местото и веднаш одете до најблиската брза помош.

Симптомите вклучуваат:

  • темно плаво или виолетово подрачје околу местото на каснување, кое е опкружено со бел прстен и широк, надворешен црвен прстен
  • осип по целото тело
  • грчеви и напнатост на мускулите
  • болка во пределот на стомакот
  • главоболка или грозница
  • општа слабост
  • недостаток на апетит
  • вкочанетост и болка во зглобовите
  • црвенкаста мокрача
  • мачнина или повраќање

Ако детето го каснало пајак (освен црна вдовица) и нема алергиски реакции, тогаш:

  • измијте го местото со вода и сапун
  • ставете ладни облоги или навлажнета ладна крпа, за да го намалите отокот и болката

Побарајте итна медицинска помош ако:

  • детето покажува било каков знак на алергиска реакција
  • кај детето се појавил осип на телото по каснувањето
  • подрачјето на каснувањето почнува да личи на инфекција
  • се сомневате дека детето го каснала црна вдовица

 

Каснување од крлеж

По престојот во шума, внимателно прегледајте ги Вашите деца и домашните миленичиња. Највообичаена и најраспространета врста на крлежи се кучешките крлежи.

Доколку пронајдете крлеж во Вашето дете:

  • јавете се кај неговиот матичен лекар.
  • внимателно, со пинцета фатете го крлежот за главата или устата, заедно со кожата на Вашето дете. Немојте да вртите лево-десно за да го извлечете.
  • енергично повлечете додека крлежот не излезе, а потоа намачкајте го местото со алкохол
  • немојте да користите петролеум, или да се обидувате со запалено шкорче да го вадите крлежот.

Упатете се кон итна помош ако:

  • крлежот е во кожата повеќе од 24 часа
  • дел од крлежот останал во кожата после обидот за негово отстранување
  • детето добие осип од било кој вид
  • подрачјето изгледа инфицирано (има зголемено црвенило, болка, оток или гној)
  • кај детето се појавиле симптоми како што се температура, главоболка, замор, грозница, вкочанетост на вратот, грбот или зглобовите

 

Спречување на убод и каснување од инсекти:

Средствата за одбивање на инсекти се корисни, но употребувајте ги само оние кои содржат од 10-30% DEET. Погрижете се во гаражите, таваните и на дрвата за огрев да нема мрежи од пајак и децата да носат долги панталони и блузи со долги ракави кога си играат околу тие подрачја.

 

Извор: kidshealth

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
4
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
4
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Ако не знаевте, вакви мајки никој не сака!
Во прилог е список на девет иритантни работи кои ги прават мајките, а ги излудуваат децата и другите мајки
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?