Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Како дојдов на овој свет (прв дел)
Како дојдов на овој свет (втор дел)
Како дојдов на овој свет (трет дел)
Како дојдов на овој свет (четврт дел)
Посебен вид на болка
За мајката е прв знак низата на болки во стомакот на еднакви периоди. На почетокот тие болки сепоретки, а постепено стануваат се почести и појаки и затоа докторот мора да побрза.. Со болките бебето ги известува сите заинтересирани дека навистина е подготвено да дојде на свет. Мама сега пополека го турка бебето низ отворот меѓу нозете, а во тоа и помагаат стомачните мускули.
Последниот дел е најтежок.
Кога ќе помислиш колку е бебето големо, а отворот меѓу нозете мал, јасно ти е колку за мама е сето тоа напорно. Последниот дел од оваа работа го викаме напон. Понекогаш тоа трае прилично долго и многу е заморно. На крајот излегува бебето со црвено лице, целото збунето и се дере како навивач на фудбалски натпревар. (Кога се раѓаме сите се дереме, бидејќи после 9-месечното уживање кај мама на топло, излегувањето на ладно е голем шок.
Остана уште само една ситница, па сите да здивнат. Во текот на деветте месеци бебето добиваше храна низ врвцата која влегува во неговиот стомак.
Зошто имаме папок?
Кога ќе се роди бебето може да се храни низ уста и оваа врвца повеќе не и е потребна. Затоа докторот ја сечи (тоа ништо не боли) ја заврзува во мал јазол и готовооо!
Тоа е папок. Тоа е се што останало од врвцата која некогаш не одржувала во живот.
Ете така. Сега знаеш како дојде на овој свет. Можеби ти се чини дека тоа е мнооогу работа за толку мало нешто. Но мама и тато знаат зошто поминаа низ сето тоа.
АКО САКАШ ДА ЗНАЕШ ЗОШТО, ПОГЛЕДНИ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО. ЌЕ ВИДИШ ЉУБОВ!
Извадок од книгата на Питер Мејл “Како дојдов на овој свет”
Превод и адаптација: Барбара
24
8
6
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести грешки при третман на бебешки осип
Бебешкиот осип е чест проблем, особено во првите месеци од животот. Иа...
Зошто е многу полесно да се има второ дете?
Кога го добиваш првото дете, сe е ново. Стравот, неизвесноста и илјада...
Стресот нема врска со забременувањето
Често може да се слушне тврдењето дека стресот нема никакво влијание в...
Прекрасни трудници насекаде, а јас?
„Бременоста ? го разубави лицето.“, „Сјае“„Кожата ? е совршена.“. А ти...
Први вкусови, големи доживувања
Првите залчиња на бебето се повеќе од оброк. Тие се почеток на едно до...