|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Колики и гасови кај бебиња - сличности, но и важни разлики

Редакција Рингераја, 29.8.2025
Секој родител кој се соочил со плачливо бебе знае колку е предизвикувачко да се најде причината за немирот.

image
Колики и гасови кај бебе
/11


Две состојби кои најчесто предизвикуваат конфузија се коликите и гасовите. Иако на прв поглед изгледаат исто, бебето плаче, се витка и изгледа како да чувствува болка, сепак постојат суштински разлики кои е важно да се препознаат за да можете подобро да му помогнете на вашето малечко.

 

Што се колики?

Коликите претставуваат епизоди на интензивен и продолжен плач кај здраво бебе, најчесто без јасна медицинска причина.

Обично започнуваат околу втората или третата недела по раѓањето и најчесто се јавуваат во попладневните и вечерните часови. Плачот од колики трае подолго од 3 часа дневно, повеќе од 3 дена во неделата и во период од најмалку 3 недели. Ова е познато како „правило на тројката“.

Бебето може да биде црвено во лицето, да ги стега тупаниците, да ги витка нозете кон стомакот и да одбива смирување иако е нахрането, суво и во топло окружување.

Иако точната причина не е целосно разјаснета, се смета дека коликите можат да бидат резултат на комбинација од незрел дигестивен систем, чувствителност на некои протеини во млекото, зголемена чувствителност на стимуланси од околината или дури емоционална незрелост.

 

Што се гасови?

Гасовите се појава која е нормален дел од процесот на варење. Кај бебињата тие често предизвикуваат непријатност бидејќи нивниот систем за варење е незрел и сè уште учи како правилно да ја обработува храната.

Се јавуваат кога бебето голта воздух при доење или пиење од шише, но може да настанат и при разградување на храната во цревата.

Симптомите се напнатост на стомакот, плач веднаш по оброк, врткање и обид бебето да испушти гасови или да прди.

Во повеќето случаи, непријатноста од гасовите се намалува откако ќе се извадат преку подригнување или природно со прдење.

 

Сличности помеѓу колики и гасови

И двете состојби предизвикуваат немир и плач. Бебето може да ги витка нозете кон стомакот. Се јавува чувство на надуеност или непријатност во стомакот. Родителите често чувствуваат беспомошност бидејќи тешко можат да го смируваат детето.

 

Како да помогнете?

За колики:

  • Создадете смирувачка рутина тивка средина, затемнета соба, нежно нишање.
  • Топла бања или топла компреса на стомак исто така може да помогне.
  • Масирајте го стомачето со кружни движења во насока на стрелките на часовникот.
  • Некои родители забележуваат подобрување со користење на специјални шишиња против колики или со промена на исхраната кај мајката ако дои.

За гасови:

  • Секогаш подригнувајте го бебето по секое хранење.
  • Држете го во позиција на стомак неколку минути за да му помогнете да извади гасови.
  • Масирајте ги нозете со движење како „возење велосипед“ за да се поттикне исфрлање на гасовите.
  • Проверете ја големината на цуцлата. Пребрзото течење на млекото може да доведе до голтање воздух.

 

Кога да се обратите кај лекар?

Иако коликите и гасовите обично не се опасни, треба да побарате стручна помош ако: плачот е придружен со висока температура, бебето одбива храна или не напредува во тежина, има крв во столицата или повраќа често и во големи количини, симптомите се екстремно интензивни и не се подобруваат со основни мерки.

 

Иако коликите и гасовите често изгледаат слично, нивните карактеристики и времетраење прават голема разлика. Разбирањето на овие состојби ќе ви помогне да бидете посмирени и да знаете кога се работи за минлива непријатност, а кога е потребно дополнително внимание. Најважно е да запомните дека и коликите и гасовите се привремени и со време ќе поминат. Потребна е само трпеливост, љубов и неколку практични техники.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мед - сладок лек
Отпорноста кон лекови, во прв ред кон антибиотиците, во последните години е сепочеста, а тоа наведува се поголем бро...
5
Специјална грижа за наследникот
Кога станува збор за грижата за пенисот на момченцата, во многу случаи мајките не знаат како да се справат со предизвико...
4
Што кога ќе се дојдете дома со предвремено...
Многу родители не се подготвени за предвремено породување. Но, и покрај проблемите на почетокот, повеќето предвремено ро...
4
Безбедните раце на мама за малото чудо
Првите денови со новороденчето се исполнети со емоции, љубов и неизбежно за новите родители со малку страв.
3




Анкета

Бремена
пеперутка16

Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?