Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Генерациите на модерни жени со работни и семејни обврски имаат и навика секогаш да бидат дотерани, бидејќи живеат под императив дека жената може и мора да има се. Песимистични се и прогнозите дека нивните ќерки ќе бараат уште повеќе.
Вработените мајки изјавиле дека на нивните мајки им било полесно, бидејќи им било дозволено да останат дома и да ги одгледуваат децата. Општеството од нив не очекувало да бидат успешни и на работа.
Половина од вработените мајки признаваат дека чувствуваат грижа на совест што заради кариерата не поминуваат доволно квалитетно време со своите деца. Оптоварува и фактот што четвртина од вработените жени се единствени со месечен личен доход и од нивните приходи живее целото семејство.
Многу од анкетиранте мајки се опишале себеси како припаднички на генерацијата “Да работиш се, - а да немаш се”. Нешто повеќе од половина од испитаничките рекле дека им е битно да имаат добра работа, но 73% од жените признале дека се под притисок да го одржуваат домот чист и уреден. Повеќето од нив истакнале дека и понатаму готват, чистат, перат и пеглаат.
Но тоа не е се.
Жените се задолжени да ги помнат датумите на родендените од поширокот круг на пријатели, од својата и фамилијата на сопругот, да одржуваат контакт со роднините, а една третина од нив ја презела и обврската да се грижи за здравјето на семејството, особено на постарите членови.
Каде се тука мажите?
Дури 83% од жените веруваат дека помошта од сопругот или партнерот го олеснува животот, а повеќе од една четвртина им забележува на своите сопрузи што не им даваат безрезервна поддршка.
Исто така 68% од мајките се уморни од чекање да бидат во топ форма и модерно облечени, а секоја трета е под постојан притисок дека мора да биде совршена мајка.
Од анкетата е изведен следниот заклучок: Просечната мајка повеќе не е ограничена со старомодните машки или женски стереотипи дома и на работа. Но тоа носи поголема одговорност и поголем притисок, односно очекувања. Бидејќи се смета дека тој притисок нема да се намали во однос на идните генерации, тие истакнуваат дека многу би сакале да ги распоредат семејните обврски и да ги исполнат своите работни амбиции, па апелираат до работодавците да бидат пофлексибилни.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...
Како да ги балансирате хормоните за подобра плодност?
Хормоните играат клучна улога во репродуктивното здравје. Тие го регул...
Надворешни и внатрешни репродуктивни органи кај жената
Женскиот репродуктивен систем е сложен и прецизно организиран систем к...
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на ж...