vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Современата мода ни покажува дека можете да се чувствувате пријатно во својата облека и истовремено да изгледате средено, самоуверено и трендовски. Клучот не е во количината облека, туку во паметниот избор.
1. Изберете кроеви што се прилагодуваат на телото, а не го стегаат
Стилската облека не мора да биде тесна. Напротив лабавите кроеви создаваат елегантна линија, додека пак флуидните материјали изгледаат луксузно. Облеката треба да биде дишливаза да ви дава слобода на движење
2. Материјалот е половина од изгледот
Природните ткаенини како: памук, лен, вискоза или волнени мешавини се вашиот сојузник. Тие се пријатни за кожата, убаво се прилагодуваат на телото и изгледаат негувано дури и во наједноставен крој.
3. Основни парчиња што секогаш функционираат
Инвестирајте во: квалитетна бела кошула или маица, добри фармерки или панталони со еластичен појас, едноставно сако или кардиган и удобни, но стилски обувки.
Овие парчиња се основа за десетици комбинации.
4. Боите работат за вас
Не мора секогаш да се држите до црната боја. Неутралните тонови создаваат смирен стил, пастелните нијанси даваат свежина, а само еден акцент во бојата ја освежува целата комбинација
5. Слоевитоста на облеката создава стил
Слоевите облека дозволуваат прилагодување. На пример: маица и кардиган, фустан и јакна, кошула и лесен џемпер. Овие комбинации освен практичност додаваат длабочина и карактер на изгледот.
6. Удобни обувки не значат обувки кои изгледаат неуредно
Денес има многу избори на обувки како: елегантни патики, мокасини, балетанки, сандали со добра поддршка и слично.
Ако можете да одите цел ден без болка веќе сте си го направиле денот поубав.
7. Додатоците го прават стилот
Едноставната облека станува стилска со: квалитетна чанта, минималистички накит, марама или ремен. Малите детали создаваат впечаток на среденост.
8. Најважното е да знаете дека се облекувате за себе
Стилот не е тренд тоа е чувство. Ако се чувствувате удобно, тоа ќе се види во држењето, движењето и самодовербата.
Да се облекувате удобно и стилски не бара жртва, туку свесен избор.
Кога облеката ви служи вам, а не вие на неа, изгледот станува природен и привлечен.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...