vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Но тоа не значи дека треба да се откажеш од себе или дека убавината е луксуз.
Доволни се 10 минути дневно за да се чувствуваш посвежо, поживо и повеќе своја.
Немаш време за долги рутини? Ова е брза и практична рутина за убавина создадена специјално за зафатени мајки.
1. Брзо освежување за 1 минута
Заборави ги долгите ритуали.
Наутро доволно е: миење на лицето со ладна вода и благ гел за миење.
Ладната вода ја буди кожата, ја намалува надуеноста и дава природен сјај.
2. Хидратација што работи сама за себе за 2 минути
Ако треба да избираш еден чекор, нека биде овој. Нанесете серум со хијалуронска киселина кој брзо се апсорбира, па потоа нанесете лесна хидратантна крема
Комбинацијата веднаш прави кожа што изгледа свежо и одморено.
Чувај ги производите на видливо место ако не ги гледаш, нема да ги користиш.
3. Брза шминка за мама за 3 минути
Не ти треба цел арсенал. Само овие три производи прават огромна разлика:
- Тониран крем или BB крем кој го израмнува тенот за 10 секунди.
- Маскарата ги отвора очите, дури и ако си спиела 4 часа.
- Балсам за усни со малку боја за да изгледаш живо, без гломазен кармин.
Ова е „минимален а максимален“ ефект.
4. Средена коса за секој ден за 2 минути
Мајките немаат време за долги фризури, но имаат шалтер-трикови:
Косата веднаш изгледа уредно.
5. Мал ритуал за енергија за 2 минути
Овој дел најчесто го забораваме, но е најважен. Нанеси малку рол-он со омилено масло (лаванда, цитрус, ванила). Земи длабок здив 3 пати, исправи ги рамениците и насмевни се
Ова не е само убавина туку и за поддржување на психичкото здравје.
Совети кои ќе ти заштедат време
Држи ја козметиката на едно место. Не барај по фиоки бидејќи тоа одзема повеќе време од самата рутина.
Користи производи 2 во 1. Хидратантен крем со SPF, шампон со балсам, тониран серум.
Подготви ја рутина навечер така што наутро ќе ја изведеш за половина време.
Не е важно да имаш совршена кожа, фризура или шминка. Важно е да имаш мал момент за себе, затоа што кога мајката е добро, целиот дом дише поинаку.
Оваа рутина не е само за изглед. Таа е потсетник дека и ти заслужуваш внимание, грижа и малку луксуз, дури и ако трае само 10 минути.
6
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Матката и нејзината улога во менструацијата и бременост
Матката е еден од најважните органи на женскиот репродуктивен систем. ...
Како правилно да ја набљудувате цервикалната слуз?
Дали сте забележале дека вагиналниот секрет не изгледа исто во текот н...
Породувањето веројатно ќе ве изненади
Можеби сте гледале видеа, сте читале приказни, сте разговарале со мајк...
Колку често треба да се прави гинеколошки преглед?
Гинеколошкиот преглед не треба да се прави само кога имате симптоми. ...
Исхрана за заздравување по породување
По породувањето, вниманието природно е насочено кон бебето. Но, и тело...