vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
1. Телото не е непријател. Тоа е нашиот дом
Нашето тело е нашиот дом. Го носиме насекаде, во секој момент од животот.
Го критикуваме, споредуваме и често забораваме дека тоа секој ден работи за нас без пауза, без благодарност. Срцето чука, белите дробови дишат, кожата нè штити.
Кога ќе почнеме да го гледаме телото како сојузник, а не непријател, започнува првиот чекор кон љубов кон себе.
2. Прифати го фактот дека „совршенство“ не постои
Совршенството што го гледаме на социјалните мрежи е најчесто монтажа, поставување на вистински агол и светло.
Не постои човек без недостатоци и токму тие несовршености го прават телото вистинско, уникатно и човечко.
Секој лузна, белег, брчка или килограм има своја приказна.
А љубовта кон себе значи да ја прифатиш таа приказна без срам.
3. Наместо да го казнуваш своето тело, слушни го што ти кажува
Телото секогаш зборува преку замор, глад, болка, стегање во градите или топлина во срцето. Кога ќе го игнорираме, тоа реагира со болка. Кога ќе го слушнеме реагира со мир.
Научи да му даваш она што му треба: одмор, движење, здрава храна, топла бања, прегратка.
4. Не ја мери вредноста со бројка
Бројката на вага, големината на фармерки или бројот на калории не ја дефинираат твојата вредност.
Твоето тело не е проект, туку е живо битие кое си има животен процес.
И денес, и кога ќе се промени, останува дел од тебе што заслужува љубов, не услови.
5. Биди благодарен/на на своето тело секој ден
Секоја вечер кажи едноставно „фала ти“.
Фала што ме носеше низ денот, што ме држеше исправена, што дишеше за мене.
Оваа мала навика создава голема промена го менува начинот на кој се гледаме во огледало.
6. Опкружи се со реалност, а не со совршенства
Следи луѓе и содржини кои ја промовираат реалноста, здравјето и љубовта кон телото. Разговорите со пријателите кои ја прифаќаат својата автентичност ќе те потсетат дека не си сам/а во оваа борба.
7. Љубовта кон себе не се учи за еден ден
Понекогаш ќе успееш, понекогаш ќе се вратиш на старите мисли. Бидејќи љубовта кон себе и своето тело е процес.
Но секојпат кога ќе избереш љубов наместо осуда, правиш чекор напред.
И со време, ќе го гледаш телото не како облик, туку како чудо што ти го овозможува животот.
Да го сакаш своето тело не значи дека мислиш дека е совршено.
Тоа значи дека го почитуваш и го прифаќаш такво какво што е. Телото не е украс. Телото е твојата приказна, твојата сила, твоето постоење.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Смири го умот, поврзи се со бебето
Бременоста е период исполнет со убави очекувања, но и со многу прашања...
Знаци и симптоми на спонтан абортус
Спонтаниот абортус е губење на бременоста пред фетусот да може да преж...
Водата како основа на здравјето. Колку е доволно?
Водата е неопходна за речиси секоја функција во организмот. ...
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....