|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сме имале "Вешта жена" меѓу членките на Рингераја!

Редакција Рингераја, 10.4.2012
Интервју со Лилјана Ѓорѓиевски, нам добро позната како Martins mom, која зеде учество на овогодинешната манифестација Вешта жена во Битола и освои награда за декорација на десерт. ЧЕСТИТКИ!

/81


 

 

Во неа се сплотиле безброј таленти, произлезени од љубовта кон музиката, уметноста, пишаниот збор и храната. Ја знаеме како мајка на Мартин, имавме прилика да ја запознаеме во живо и да ја видиме нејзината енергија, харизма и дружељубивост.

Ни ја отвори својата душа преку "Мојот магичен свет",  "Магијата на ноќта" "Помеѓу" "Летна љубов" "Зошто замина?" "Пред да пристигнеш ТИ" "Страдање", ни ја раскажа и својата "Породилна приказна".

Отсекогаш велеше дека е среќна што стана дел од семејството на Рингераја, а сега ние можеме да кажеме дека сме ГОРДИ што е дел од Рингераја!

 

БРАВО Martins mom!

 

 

Редакција Рингераја:

Од каде потекна идејата да се пријавиш на една ваква манифестација?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Идејата дојде многу случајно во еден неврзан разговор со г-ѓа Лилјана Ракосовска, која е долгогодишен и доста наградуван учесник во оваа манифестација. Таа, гледајќи ја мојата секојдневна работа и моите вештини во украсувањето на тортите, ме охрабри и не ми даде предлог, туку ми рече дека морам да учествувам. На размислував многу и веднаш низ мислите почнаа да ми се вртат идеи што да направам.

 

Редакција Рингераја:

Дали талентот за естетско украсување на храната го посетуваш одамна, или го здоби во тек на својата работа?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Чувството за естетика мислам дека е вродена работа. Јас за себе можам да кажам дека сум една голема уметничка душа која ги сака и негува сите видови на уметност, пишаната, ликовната, музичката...Сите се подеднакво важни во мојот живот. Понекогаш имам инспирација и пишувам стихови, некогаш сум инспирирана да цртам со маслени бои, имам средно музичко образование и свирам флејта. Инаку по професија сум дипл. графички инженер, така што она што го носев во себе, го надополнувам и усовршувам секој ден. Според мене и украсувањето на храната е еден вид на уметност, а талентот за тоа го открив пред нецела година.

 

Редакција Рингераја:

Потребно беше да се подготви предјадење, главно јадење и десерт.  Како се викаше твојата маса, што подготви и каква форма им даде на овие јадења?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Мојата маса се викаше „Класична музика“. Предјадењето не е задолжително да го имаш и не се оценува, туку само го надополнува изгледот на масата и може да влијае на општиот впечаток. Јас го изоставив затоа што сакав акцентот да го ставам на главното јадење и затоа што замислата ми беше нежна и елегантна маса. Главното јадење беше во форма на виолина изработена од т.н „мртво тесто“ и жици од шпагети обоени во бронзена боја, а вкусот беше традиционална полнета плескавица со додаток-компир полнет со кулен. За десерт имав караџорџева торта во форма на клавир.

Меѓутоа, не се натпреварувавме само во подготвување на храна, туку има повеќе категории, тука се вклучуваат и начинот на сервирање, изработката на салфетка, икебана итн.

 

Редакција Рингераја:

Од сликите може да се види дека виолината и клавирот се вистинско уметничко дело. Како ја доби идејата и дали некој ти помогна во изработката?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Воопшто не беше спорно што ќе правам. Мојата прва љубов - музиката, ја споив со љубовта кон кулинарството и резултатот беше очигледен. Во изработката не ми помогна никој, а предлози, идеи и сугестии добивав од колешките на работа.

 

Редакција Рингераја:

Колку време се подготвуваше за оваа манифестација?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Подготовките ми беа релаксирани и опуштени, затоа што не сум тип на човек кој паничи и крева прашина. Смиреноста само може да те доведе до позитивен резултат. Се подготвував околу месец дена.

 

Редакција Рингераја:

Публиката те изгласа тебе за Вешта жена на 2012 година, но гласовите на жирито одлучија титулата да ја понесе Даниела Шлакеска, која ќе го продолжи натпреварувањето со останатите вешти жени од Македонија. Учествуваш за прв пат, а нијанси одлучија друг да ја понесе титулата. Дали си задоволна?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Да исправам само, не добив прво место од публика, туку имав прво место за декорација на десерт. Првите впечатоци ми се некако поделени. Имаше работи кои ме воодушевија, но и работи кои ме разочараа. Како за прв пат, јас сум задоволна од самата себе и сум охрабрена повторно да учествувам. Даниела Шлакеска сосема заслужено победи, затоа што нејзината маса беше вистинско ремек дело. Јас сум сигурна дека таа ќе ја понесе и титулата Вешта жена на Македонија, а ние ќе ја бодриме и подржуваме во Тетово.

 

Редакција Рингераја:

Што подразбираш под поимот “вешта жена”?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Вешта жена за мене е онаа која со малку вложување, ќе направи вкусно јадење кое истовремено ќе биде убаво и за око. Или со кратки зборови „од ништо-нешто“. Сите знаат со скапи намирници да зготват убава храна и со скапи украси да декорираат маса, а за мене вештината е токму во тоа. Со малку нешто, да спремиш многу.

 

Редакција Рингераја:

Дали би се пријавила и следната година?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Како што спомнав погоре-да. Сега видов како стојат работите, што се бара и влегов во штосот на манифестацијата. Како дебитант бев многу уплашена зашто не знаев што точно се случува на овој натпревар, но ете сега ми се разрешија дилемите. Иако се разочарав од дел, потенцирам, еден многу мал дел од организацијата, сепак тоа нема да ме спречи да си ги реализирам идеите во наредните години.

 

Редакција Рингераја:

Има ли нешто што би сакала да им кажеш на своите пријателки од Рингераја?

 

Лилјана Ѓорѓиевски

Леле, моите пријателки рингерајки си заземаат посебен дел во моето срце. Рингераја скоро три години е моја најдобра пријателка. Иако во последно време, заради работните обврски поретко ја посетувам, никогаш не ја заборавам. Со неа сум најискрена, таа знае многу работи за мене, таа ми е место за радост и рамо за плачење. Што да им кажам на моите пријателки од РР?!  Првото нешто што ми паѓа напамет и што е искрено од душа - Ве сакам многу!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Растенија кои го прочистуваат воздухот дома
Барате да ги намалите токсините во вашиот дом? Овие растенија за чистење на воздухот ќе ви помогнат да ги отстраните ток...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?