vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кариерата ја започна како модел, а заврши како глумец. Како дојде до тоа?
Ја сакав работата на модел. Бев многу успешен во тоа, за што сведочат многуте награди. Во еден омент се повлеков со себе и не сакав повеќе да се појавувам во јавност. Сакав да се изразам низ некоја друга уметност. Не се прославив како писател или сликар, но талентот за глумење не можев да го сокријам, а и не сакав.
Дали беше тешко да ја промениш професијата?
Не! Во глумата најдов спас. Имаше моменти кога бев на работ на лудило, депресија и песимизам, кој ме имаше фатено со своите канџи и буквално ме убиваше, така што гладував, се затворав во станот и во себе.
И тогаш се појави Сулејман?
Се појавија продуцентите кои ме контактираа преку заеднички пријатели. Отидов на кастинг и денес сум тука каде што сум. Ми одговара оваа гужва и се што се случува е поврзано со Бали Бег. Го обожавам тој лик.
Медиумите во еден момент шпекулираа околу твојата сексуална ориентација. Наводно твојата девојка те затекнала во кревет со маж.
Да и јас слушнав дека било така, само не разбрав за која девојка и за кој маж не работи! И не знам од чија кујна излезе таа глупост, но колку што тие приказни порано ме потресуваа, денес толку ме развеселуваат.
Твојата вереница Џејлан Џапу ретко се појавува со тебе во јавност, ги криете деталите околу Вашата врска, а како што се говори Ве очекува свадба
Џејлан е мојата најголема љубов и кога не сме заедно, тогаш разговараме на телефон. Не може да помине ниту еден час без да се чуеме. Знаете како велат, тоа е љубов за цел живот. За свадбата не сакам да разговарам.
Со што те освои?
Тоа беше љубов на прв поглед. Јарците умеат да читаат од поглед, а во нејзините очи пишуваше толку многу, што моментално ме привлече. Нејзината надворешна убавина е Божји дар, но внатрешноста е уште поубава.
Какви се твоите планови по завршувањето на серијата?
Режисерите и сценаристите со кои соработувам се при крај со проектот кој ќе стартува веднаш по снимањето на Величествениот. Се подготвувам за главна улога во еден филм со кој одиме на европски и светски пазар и мислам дека ќе направиме бум.
Какви се Вашите приватни односи со остатокот од екипата на Величествениот?
Имаме сјајни односи. Не се дружиме многу кога не снимаме, но се случувало да го поминуваме времето заедно и без камера. Понекогаш се тоа ноќни клубови, или тажни моменти кои сите ги делиме. Верувам дека ќе ми недостасува тој тим, бидејќи тешко дека ќе можеме повторно да бидеме сите заедно.
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?