|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Martins mom, Декември 2010 година

image
/11


 

 

Се појави за прв пат во мислите на една тинејџерка која штотуку го осознаваше животот. Не ти го знаев името, не ти го знаев ликот тогаш, но знаев дека еден ден ќе те имам покрај мене. Уште во тоа време кога помислував за ТЕБЕ чувствував топлина во душата.

Разиграна од бурите, носена од ветровите на животот, бранувана безброј пати, се’ дури не го видов патоказот на моето постоење. Телото ми застана во едно место кога го здогледа НЕГО, а здивот ми подзапре од неговиот допир. Ко вода за жеден патник беше за мене тој, ко за птицата ветер од југ...Осетив дека е вистинскиот!  Со него го изодив патот за да стигнам до ТЕБЕ. Те создадовме со многу љубов, чиста и искрена љубов.

По моето срцебиење, по сјајот во очите кога ќе се погледнев во огледалото, по насмевката што не ми се тргаше од лицето, знаев дека си во мене. Секоја клетка од моето тело живееше за тебе. Твоето мало срценце чукаше во ритам со моето. Толку бев спокојна што те имам во мене, задоволна бев што те чувствував  под моите гради, но толку нестрплива да те држам во прегратка.

Со твоето раѓање и јас повторно се родив, влегов во поинаков свет, во нова димензија. Себично те чував до мене, те галам, гушкам и бакнувам. Моите очи повторно сјаат, насмевката пак е присутна на моето лице, телото уште ми игра од радост...секој ден! Ти постоиш за да ми го боиш денот во розево, да носиш светлина во домот. Тоа ѕвонливо гласче одекнува во просторот, неговото ехо секогаш е во мојата глава. Љубопитните рачиња насекаде оставаат траги од прстињата, твојата детска игра е раширена наоколу, јас живеам во твојот магичен свет.

Насмевката твоја, сонлив плач, главче потпрено на моето рамо, збор кажан од устето медено, бакнеж на мојот образ, продорен поглед од очињата најубави кои секогаш знаат што сакаат, сон мирен и спокоен, тоа е она за што вреди да живеам. Толку мал, а толку моќен. Што може друго да посакам, кога веќе имам се’. Се будам во мугрите и ја имам најубавата слика пред мене.

Ти благодарам! Среќна сум што живеам баш за тебе најмил мој. Малечок, убав, весел, палав...МОЈ!

 

Ваша Martins mom

 

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
4
Што не треба да правите за време на онлајн...
Оваа година е нова авантура за апсолутно сите фамилии. Кога е во прашање онлајн наставата, ви претставуваме неколку нешт...
4
Домашно милениче и дете НЕ во иста просторија
Голем број од идните родители се прашуваат дали е погрешно доколку во истиот простор престојува нивното малечко и домашн...
4
Пред да пристигнеш ТИ
Дневникот на Martins mom
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?