|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прво, второ, трето дете...

Редакција Рингераја, 20.1.2011
Дали имате едно, две или три деца? Се пронајдовте ли во следните реченици? Малку се шегуваме, но кај некого можеби навистина е така!

image
/11


 

Облека:

1 дете: Трудничка облека почнувате да носите веднаш штом гинекологот ќе Ви ја потврди бременоста.

2 дете: Нормална облека носите се додека Ве собира во неа.

3 дете: Ваша нормална облека е трудничката облека.

 

Име за детето:

1 дете: Читате лексикони со имиња, заокружувате, додавате, избирате.

2 дете: Некој треба да го крсти детето по прабабата Стевка, па зошто тоа да не бидете Вие?

3 дете: Го отворате именикот, ги затворате очите и гледате каде Ви застанал прстот. Здравко? Одлично име!

 

Подготовка за породување:

1 дете: Многу сериозно вежбате дишење.

2 дете: Не се оптоварувате премногу, бидејќи дишењето не Ви помогна многу првиот пат.

3 дете: Барате епидурална анестезија во 8. месец од бременоста.

 

Опрема за бебе:

1 дете: Внимателно ја перете облеката, ја редите по големина и боја во шкафчето.

2 дете: Проверувате дали облеката е валкана и ја перите онаа со најголеми дамки.

3 дете: И момчињата може да носат розово, зар не?

 

Грижа за бебето:

1 дете: Плачете секој пат кога е детето вознемирено и веднаш го земате в раце.

2 дете: Во раце го земате ако постои опасност дека ќе го разбуди првото дете.

3 дете: Го учите своето тригодишно дете да го држи бебето додека има грчеви во стомачето.

 

Активности:

1 дете: Го носите детето на гимнастика, пливање, во игротеки, на излети и на прошетка.

2 дете: Детето го возите во кола на прошетка.

3 дете: Детето го возите до супермаркет.

 

Вечерни излегувања:

1 дете: И се јавувате на бебиситерката на секои пет минути.

2 дете: Малку пред да го напуштите домот се сеќавате дека треба да оставите број на кој сте достапни.

3 дете: Бебиситерката може да Ви се јави само ако детето се повреди.

 

Дома:

1 дете: Поголем дел од денот како маѓепсани гледате во детето.

2 дете: Поголем дел од денот внимавате постарото дете да не го повреди помалото.

3 дете: Секој ден се трудите барем на кратко да се сокриете од децата.

 

Цуцла:

1 дете: Кога цуцлата ќе падне на подот задолжително ја стерилизирате.

2 дете: Кога цуцлата ќе падне на подот, ја миете под млаз вода.

3 дете: Колку повалкана цуцла, толку повеќе ја сака.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Методи на воспитување на децата
Воспитувањето на децата, во поширока смисла на зборот, може да го дефинираме како водење на детето по патот на неговиот ...
4
Што се` им забрануваме на децата?
Сите ние родителите им сакаме само најдобро на нашите деца. Да треба би умреле за нив сега веднаш, без ниту едно прашање...
4
Мала утринска паника
Живеете заедно и преубаво Ви е? Навистина не Ви е јасно зошто толку парови се расправаат и зошто толку бракови се распаѓ...
4
Заради што едно момче стануваше од кревет?
Многу е тешко да натерате мало дете да оди во кревет, а листата на неговите причини за станување откако ќе легне е бескр...
4




Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?