|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мала утринска паника

Непознат автор, 23.3.2012
Живеете заедно и преубаво Ви е? Навистина не Ви е јасно зошто толку парови се расправаат и зошто толку бракови се распаѓаат? А можеби едно обично будење во 6:30 часот ќе Ви стане вакво?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

ТАА

Во 6:30 се буди во паника дека можеби доцни за на работа. Излегува од собата, пали цигара и нервозна е, како и секој работен ден, бидејќи мора, инаку како ќе раскажува во канцеларијата дека е нервозна? Ги отвора сите прозорци за да види дали да облече чевли за дожд или не.

Во купатилото ја вклучува греалицата, фенот, фигарото, пеглата за коса, депилаторот и уште три работи, на кои просечен човек не им го знае името. Пали истовремено уште три цигари, зависно од бројот на простории во станот, додека во купатилото тој број треба да се помножи со стадиумот на нервоза. Вари кафе кое и претекува и го валка шпоретот. Си ја гори веѓата палејќи цигара од рингла, а капка врело кафе и го гори носот.

Влегува во купатило и ја гледа сета стравотија на својата глава во огледалото. Плаче пред огледалото, но се решава да извојува победа во битката со косата. Се тушира и пцуе бидејќи кретенот се уште не го поправил болјерот. А да не зборуваме за расфрлените чорапи и гаќи покрај корпата за веш... Незадоволна од нијансирањето и минивалот ги уништува четките, чешлите, витлерите, фенот со додатоци и удира по машината за перење. Се мачка со крем и пудра. Трча до телевизорот за да ја види временската прогноза – ако врне и ако дува, кора да стави водоотпорна шминка. И паѓа пепел на најмилата маица, безуспешно бара чорапи кои немаат дупка на видливо место, се спрепнува на фрлените чорапи на подот.

Прелиминарно се шминка и ги кубе влакненцата кои не ги виде синоќа и се лакира, додека на радио свири иритантна турбо фолк музика. Подготвена е, а веќе е 7:45 часот! Сфаќа дека надвор врне дожд и ги менува чевлите, па мора комплетно да се пресоблече.  Бидејќи мора да ја промени маскарата, набрзина трча до купатилото и предоцна сфаќа дека тој е внатре и дека впрочем тој, о не...па тој, Исусе, не можеш....ааааааааааааааааа!

Бега во кујната и со три огледала комбинира паралакса за да добие тродимензионална слика на својата убавина. Успева со изборот на новите обетки и ставањето на руж кој подобро и стои. Во 8:10 излегува нервозна бидејќи доцни.

 

ТОЈ

Во 06:30 часот го буди двонога коза која вришти заедно со четири будилници, иако има уште цел час до нормалното време за будење. Се завртува на другата страна. Се обидува без станување со прстите од десната нога да го соблече левиот чорап. Успева. Спие уште еден час, во меѓувреме разбудуван од врискањето на неговата драга, но цврсто решен да не станува пред да дојде време за тоа. Во 7:30 ѕвони часовникот. Време е за чешање и растегнување. Раката со која се чешате не му мириса толку алармантно за да мора да се тушира, што му дава награден бонус од три минути под јорганот.

Влегува во WC и става каладонт на четката. Истовремено ги мие забите и врши нужда, па го валка капакот од шољата, ѕидот и машината за перење додека се обидува да ја земе четката која му падна заради ерекцијата. Ја плука пената од уста в шоља и се смее. Ги мие очите, се гледа во огледало, се смее и си намигнува. Утре ќе се бричи, денес е многу ладно.

Се враќа в соба, ја фрла облеката од столица на кревет и долго ги бара чорапите. Скоро засушени и деформирани се подготвува да ги облече , но се сеќава дека мора да облече чисти, кои се крути, нееластични и неудобни. Во 7:38 без волја става чисти чорапи, оди до кујната, пие кафе и во 7:45 е подготвен за на работа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали децата треба да бидат дома кога врне?!
Дали сте родител кој на првите капки дожд реагира така што децата од игралиште ги носи дома? Имате ли обичај да ја откаж...
4
Како загадениот воздух влијае врз детското...
Загадениот воздух е еден од значајните фактори на животната средина што можат да го загрозат здравјето на децата.
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Самохран...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 10.03.2013 во 10.20 ...
3
Чудни навики на двегодишните деца
Децата се чудни мали битија, полни со фантазија и креативност. Во тој свој свет тие ги замислуваат и гледаат работите п...
3




Анкета

заедно во кревет
mami

дали бебето треба да спие со родителите

да (21%)

не (48%)

понекогаш (32%)


Број на сите гласови: 120

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!